Нега и убавина
Дали со сите тие серуми, кремови и лосиони негата на лицето со брчки може да се сведе на нормално ниво? Дерматолозите истакнуваат дека негата на кожата, особено ако се борите со првите знаци на стареење, станува вистинска наука. Гел за чистење, мицеларна вода, тоник, серуми, крем за очи, хидратантен крем, крем против брчки, крем за сончање… Не е ни чудо ако понекогаш се чувствувате преоптоварено и не сте сигурни кои производи навистина ви се потребни, а кои не. И како воопшто да го изберете вистинскиот, ако веќе не сакате да имате преполни фиоки со козметика? Минималната ноќна рутина против стареење се состои од три чекори и се фокусира на две основни цели: намалување на брчките и чиста, сјајна кожа. Секако, доколку имате специфични проблеми, како што се акни или хиперпигментација, сепак ќе треба да воведете четврта алатка во консултација со вашиот дерматолог или козметичар.
Прв чекор: Мицеларна вода
Сите добри ноќни рутини започнуваат со отстранување на нечистотиите што се насобрале на кожата во текот на денот. Дури и ако не се шминкате, важно е да ги отстраните остатоците од заштитниот фактор, нечистотијата… Мицеларната вода е погодна за сите типови кожа и ги отстранува сите видови нечистотии, па затоа е производ број 1 во вашата рутина против стареење.
Втор чекор: Хидратантен тоник
Секоја рутина за убавина што бара мазна и блескава кожа вклучува длабинско чистење на кожата. Затоа, при изборот на тоник, млеко или масло за чистење на кожата, одберете некој со навлажнувачки состојки. На тој начин ќе направите и уште една многу важна работа: ќе ѝ обезбедете на вашата кожа доволно влага. Ако вашиот тен е беспрекорен и мислите дека мицеларната вода е сосема доволна за отстранување на нечистотиите, тогаш заменете го овој производ со серум со навлажнувачки својства.
Трет чекор: Активен ноќен крем
Како да го избереме оној што навистина ни е потребен во морето производи? Постојат состојки за кои дерматолозите се согласуваат дека кремот треба да содржи: ретинол, хијалурон или колаген.