Нега и убавина
Есента носи изобилство свежи намирници што се идеални за детоксикациски оброци. Дополнително, антиинфламаторни намирници вклучени во овие оброци може да помогнат во намалување на воспаленијата и зачувување на вашето здравје. Предлогот за некои вкусни есенски оброци ќе ви помогне да се чувствувате освежено и енергизирано додека истовремено уживате во сезонските намирници.
Супа од тиква и ѓумбир: Тиквата е богата со антиоксиданти, а ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни својства. Оваа супа е совршен избор за топол хранлив оброк. Освен тоа, тиквата има изобилство влакна, кои ја поттикнуваат работата на цревата, а бета-каротинот се зголемува со термичка обработка, така што овој оброк е богат со антиоксиданти, особено со бета-каротин. Ѓумбирот исто така ја поттикнува работата на цревата.
Киноа со печурки: Киноата е извор на протеини и влакна, додека печурките содржат витамини и минерали. Комбинацијата на овие две намирници создава вкусен оброк што ќе ве засити. Печурките се богати со имуноглукани, кои имаат исклучително значење за нашиот организам во текот на овие месеци.
Лосос со брокула: Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторно дејство. Додајте печена брокула со маслиново масло за дополнителна корист.
Салата од кељ и портокал: Кељот е преполн со витамин К и антиоксиданти, а портокалите обезбедуваат витамин Ц. Оваа салата е освежителна и полна со витамини. Кељот и портокалот содржат многу влакна, па оваа салата навистина влијае на чистење на организмот.

































