Нега и убавина
Сјајна кожа, многу митесери, Т-зона што сјае, ова се карактеристики на мрсна кожа. Посебна нега се подразбира, а една од состојките што задолжително треба да се вбројат во негата е глината (каолинот). Ја има во препаратите за чистење на кожата. Главната улога ѝ е да го апсорбира вишокот масло, да ја исчисти и матира кожата. На тој начин ќе се намалат и митесерите, лицето ќе биде помеко, мазно и без сјај.
Меката глина, која се нарекува и бела или кинеска, по состав е магнезиум-силикат. Има природно потекло, но може да се произведува и синтетички. Има повеќекратна намена, се користи и за шминка, за нега на кожата, но и за лекови. Познато е нејзиното впивачко дејство, поради што е фаворит меѓу маските за мрсна кожа. Каолинот најчесто го среќаваме во маските за лице, но го содржат и серумите и средствата за чистење на кожата. Ја поттикнува регенерацијата на ткивото и ги отстранува токсините.
Најдобри ефекти дава при правилна употреба, а тоа значи да се нанесе во дебел слој на лицето, да се остави да дејствува 15 минути и да се измие со млака вода. Еднаш неделно да се повторува постапката е идеално, а почесто само ако тоа го советува дерматолог.