Трик на јапонските жени за побрзо растење на косата
Не е новина дека некои народи уште од памтивек користеле цимет, куркума и разни други намирници за убавина. Познати се многу трикови со состојки што вообичаено се користат при готвењето.
Трикот што од памтивек го користат јапонските жени за побрзо растење на косата е поедноставен и поевтин од сето она што сме го слушнале досега, а храната што ја користат, секако, е присутна во сечија кујна. Тоа е обичен ориз, а постапката е следна: сварете го оризот како што правите и при готвење и јадете го слободно, бидејќи за вашата коса ви треба само водата во која се готвел оризот. Откако ќе ја измиете косата со шампон, масирајте ја оризовата вода во темето, а потоа нанесете ја на остатокот од косата. Оставете да дејствува десет минути, а потоа исплакнете ја косата со обична вода. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви, бидејќи косата ќе биде посјајна и помека по првиот пат, а по некое време ќе забележите дека расте многу побрзо.