Фото: Илустрација/Пиксабеј

Автор: Д-р Даниела Јовановска-Јордановски, ортопед – хирург во ЈЗУ Здравствен дом Скопје

Карпал тунел синдром е најчеста форма на периферна компресивна невропатија, која настанува како последица на притисок на медијалниот нерв во карпалниот канал на рачниот зглоб. Тоа е предилекционо место за настанување на компресивна невропатија поради самата анатомско – морфолошка структура каде што медијалниот нерв минува низ многу тесен простор, ограничен со коските на рачјето, тетиви, фиброзен и ригиден карпален лигамент.
Предиспонирачки и ризик фактори за појава на синдромот се:
-скршеници во предел на рачниот зглоб,
– професии кои вклучуваат репетитивна употреба на горните екстремитети
(занаетчии, шнајдери, кројачи, хигиеничари, хирурзи, музичари итн).
-женски пол почесто,
-задршка на течности кај бремени жени, менопауза,
-инфламаторни болести (ревматоиден артрит),
-хронични болести (дијабет),
-пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција, на дијализа, нарушена финкција на тироидна жлезда, лимфедем итн.
-гојазност итн.

Клиничка слика

Симптомите почнуваат постепено и со текот на времето се влошуваат.
Најчесто клиничката слика почнува со појава на парестезии трнење во првиот, вториот, третиот и латералната површина на четвртиот прст.
Постепено трнењето се интензивира и ја зафаќа раката, најчеста е ноќна болка која го буди пациентот од сон.
Во некои случаи трнењето е асоцирано со болки и оток во предел на рачниот зглоб, како и мускулна слабост, хипотрофија на мускулите на шака, ограничување и неможност за фини движења како на пр. да закопча копче, испуштање предмети од рака итн.

Дијагнозата се поставува врз основа на: клиничката слика, невролошкиот преглед, електромиографија (ЕМГ), ултразвучниот преглед на нервот, РТГ на рачен зглоб и шака.

Третман

Конзервативен – симптоматска терапија според причината која довела до појава на синдромот.
– НЕУРОПРОТЕКТОР – витамини Б1, Б6 и Б12 во комбинација прв избор во медикаментозниoт третман покрај различните НСАИЛ лекови, парацетамол, антидепресиви, миорелаксанти, топикални НСАИЛ итн.;
– Имобилизација со ортоза за рачен зглоб – го намалува притисокот на нервот;
– Мултидисиплинарен пристап – ортопед, невролог, физијатар, физиотерапевт итн.;
– Физикална терапија – по смирување или намалување на тегобите со цел да го рехабилитира нервот, да ги тонизира мускулите и да ја поврати нивната функција
(Криомасажа, УЗ и сонофореза, електротерапија (DD, IF, EF, TENS), мануелна масажа, кинезитерапија – активни вежби за шака и прсти, прогресивни вежби за јакнење на екстензори на прсти и шака итн).;

Хируршки – декомпресија и ослободување на нервот од притисокот во карпалниот канал.
НЕУРОПРОТЕКТОР – витамини Б1, Б6 и Б12 во комбинација според многуте анализи и прикази на случаи со карпал тунел синдром – компресивна невропатија на медијалниот нерв се докажа аналгетскиот ефект и позитивната улога за ублажување на симптомите вклучувајќи: вкочанетост, пецкање, чувство на печење,болка со прободување итн.