Автор: Д-р Панче Мазнов, ортопед
Аваскуларната некроза е болест која произлегува од привремено или трајно губење на снабдувањето со крв во коската. Кога ќе се прекине снабдувањето со крв, коскеното ткиво умира и коската колабира.
Оваа состојба може да се случи во која било коска. Најчесто се случува на краевите на долгите коски-епифизи. Може да биде на една коска, неколку коски истовремено или различни коски во различно време.
Најчесто се среќава во возраста меѓу 30-50 години.
Аваскуларната некроза може да биде резултат на:
-Повреда
-Фрактура
-Долготрајна употреба на лекови, како што се кортикостероиди
-Прекумерна, долготрајна употреба на алкохол.
Специфични хронични медицински состојби се: Гошеровата болест, кесонова болест, српеста анемија, панкреатитис, болест на декомпресија, хиперкоагулабилна состојба, хиперлипидемија, автоимуна болест, ХИВ.
Симптоми се: рана болка во засегнатите зглобови, зголемена болка во зглобовите кога коските почнуваат да колабираат, ограничен опсег на движења поради болка.
Дијагностиката е: рентген, компјутерска томографија, магнетна резонанса.
Лекувањето е неоперативно и оперативно. Неоперативно е со НПВС, бифосфонати, садораширувачки лекови. Оперативно е со декомпресија, ендопротезирање.