Фото: Приватна архива

Автор: Д-р Каролина Ристова Стефановска, педијатар

Според дефиницијата на Светска здравствена организација (СЗО) пробиотиците се живи микроорганизми, кои кога ќе бидаат внесени во човечкиот организам во доволен број имаат огромен позитивен ефект врз здравјето на домаќинот. Пред повеќе од еден век рускиот научник Илија Мечников ја добил Нобеловата награда токму за неговото истажување околу позитивното дејство на пробиотиците врз човечкиот организам. Се смета дека во дигестивниот систем на човекот живеат околу 100.000 милјарди микроорганизми.
ДЕЈСТВО
Пробиотиците делуваат така што ја обновуваат и одржуваат рамнотежата на корисните бактерии во цревата, што е од исклучително значење за правилно функционирење на дигестивниот систем и општото здравје. Бактериите кои се наоѓаат во пробиотикот имаат различни ефекти на делување.
1. Обнова на здрава микрофлора
Кога цревната рамнотежа ќе биде пореметена (после земање на антибиотици, стрес, нездрава исхрана или болест) пробиотиците помагаат во обновата на корисните бактерии. Тие се населуваат во цревата и помагаат во повторно воспоставување на здрава цревна микрофлора.
2. Поддршка на имунолошкиот систем
Голем дел од имуните клетки се сместени во цревата. Пробиотиците стимулираат производство на антитела, имуглобулин А ( IgA) кој игра клучна улога во заштита од инфекции како и зголемена активност на одредени имунолошки клетки, како што се макрофаги, Т-клетки.
3. Борба против штетни микроорганизми
Спречуваат раст на патогени во цревата, произведуваат супстанци кои инхибираат раст на штетни организми.
4. Производство на одредени субстанции, витамини…
Најголема улога имаат во производтсво на витамин К и Б, како и бутират (масна киселина, бутерна кислеина) кои имаат заштитна улога во воспалителните процеси во цревата, регенерација на клетките на дебелото црево со што се подобрува и абсорпцијата на хранливите материи како и подобра перисталтика.
5. Го потпомагаат процесот на дигестија на храната, како и на абсорпцијата на одредени хранливи нутриенти, намалуваат болка, надуеност и нередовна столица.
6. Влијание на ментално здравје
Според одредени истражувања пробиотиците имаат позитивно влијание врз симптомите на стрес, анксиозност и депресија, преку стимулирање на производство на серотонин-хормон на среката и задоволството.

ВИДОВИ НА ПРОБИОТИЦИ
Постојат две главни групи на пробиотици:
1.Lactobacilus Rhamnosus – еден од најчесто користените пробиотици. Може да се најде во ферментирана храна како што е јогуртот, кефир, кисела зелка.
2.Bifidobacterium
Saccharomyces boulardi e подгрупа и се смета дека е посебен сој Saccharomyces cerevisiae. Се наога во квасецот и затоа често се користи во пекарската индустрија и производтсвото на пиво.

КОГА СЕ ПРЕПОРАЧУВА УПОТРЕБА НА ПРОБИОТИК
1.При користење на антибиотска терапија.
2.Дигестивни потешкотии (надуеност, гасови, констипација, дијареа или синдром на иритабилен колон).
3.Ослабнат имунолошки систем
4.Алергија и атописки болести (атописки дерматитис, егзема, астма)
5.При стресни состојби

Кога станува збор за употребата на антибиотиците мора да се истакне дека покрај тоа што ги уништуваат штетните бактерии, тие уништуваат добар дел и од корисните бактерии во цревата, поради што доаѓа до пореметување на рамнотежата на цревната микрофлора. Една од најчестите нус-појави на антибиотска (АБ) терапија е појавата на диареа, која се јавува токму заради пореметена рамнотежа на бактериите во цревата. Токму употребата на пробиотиците во тек на АБ терапијата ќе помогне или ке го намали ризикот од појава на диареа. Најдобро време на употреба на пробиотикот е неколку часа ( 2-3 часа) по земениот антибиотик. Се препорачува со нив да се продолжи неколку недели по завршената антибиотска терапија ,се со цел да дојде до обновување на здравата микрофлора .
Онаа што е битно при земање на пробиотик од аптека е следново:
1.Видот односно сојот на бактерии. Пробиотиците се состојат од различни соеви на бактерии (пример Lactobacilus и Bifidobacterium најчесто се користат за подобрување на симптомите кои се јавиле како резултат на цревната рамнотежа, додека Saccharomyces boulardi после инфекции).
2.Број на живи микроорганизми (CFU) – Colony-forming units означува број на живи микроорганизми во производот. Обично потребно е пробиотик со најмалку 1-5 милијарди CFU по доза, меѓутоа при одредени специфични здравствени состојби може да биде потребна и поголема доза. Квалитетот и безбедноста на пробиотикот се клучни за постигање на саканите здравствени ефекти. Онаа што е битно дека сепак пробиотиците се суплементи (додатоци на исхрана), а не лекови! За нивно конзумирање најдобро е да се консултирате со вашиот матичен лекар.
Иако употребата на пробиотиците за најголем број на луге е сигурна и безопасна постои една група на пациенти кои би требало да избегнуваат нивна употреба. Несаканите ефекти се доста ретки. Може да се јави абдоминална нелагодност, дијареа, гасови и надуваност особено првите неколку денови од почетокот на нивното користење. Појавата на било кој од овие симптоми треба да алармира дека сепак треба да го известите вашиот лекар, кој понатаму ќе одлучи за нивното понатамошно користење.