Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Зошто отекуваат глуждовите, особено во лето – се прашуваат многу луѓе, особено жените, бидејќи овој проблем ги погодува многу почесто од мажите. Отекувањето на глуждот зависи од внатрешните процеси во телото и од надворешните околности. Издвојуваме некои од најчестите причини зошто отекуваат глуждовите.
Отокот предизвикува прекумерно оптоварување на зглобот, а оваа причина е особено актуелна за жените што стојат на нозе цел ден, се движат многу на високи потпетици или долго седат. Положбата во која нозете се прекрстени една преку друга генерално е непожелна за вените и може да биде една од клучните причини за отекување на глуждот. Артритис (болката се појавува периодично, а понекогаш и се влошува) и ревматизам исто така може да предизвикаат оток на глуждот. Исто така, глуждовите отекуваат поради повреда – модринки, дислокации, скршеници. Придружни симптоми се акутна болка, црвенило, хематоми, неможност за движење на повредената нога. Кардиоваскуларните заболувања и белодробните заболувања исто така предизвикуваат оток на глуждот. Доколку покрај отекување на глуждовите почувствувате отежнато дишење, аритмија и слабост, задолжително консултирајте се со лекар.
Постојат неколку работи што можете да ги направите за да го ублажите или целосно да го отстраните проблемот: Прво, собујте ги неудобните чевли, легнете и кренете ги нозете така што, ако е можно, ќе бидат над нивото на вашата глава и останете во таа положба најмалку половина час. Легнете на подот и кренете ги нозете на ѕидот така што ќе бидат под агол од 90 степени и останете во таа положба најмалку половина час. Нежно ротирајте ги стапалата, прво во насока на стрелките на часовникот, а потоа спротивно. Повторувајте го тоа неколку минути. Дополнително, се препорачува истегнување на стапалата (повлекувајќи ги прстите кон себе, а потоа истегнувајќи ги во спротивна насока). Повторувајте го ова неколку минути, неколкупати на ден.