Фото: Илустрација/Пиксабеј

Д-р Симона Ристовска, физијатар

Oстеоартритисот (ОА) е најчестиот облик на артритис, кој погодува околу 302 милиони луѓе ширум светот и е водечка причина за попреченост кај постарите возрасни лица. Колената, колковите и рацете се најчесто погодените зглобови.
Остеоартритисот е заболување кое засега повеќе анатомски структури на зглобовите, вклучува оштетување на ‘рскавицата и ремоделирање на коската со создавање на остеофити.
Сето ова од своја страна доведува до клинички симптоми кај пациентите како: болка, вкочанетост, отоци и ограничено користење на зглобот.
Факторите за настанување на остеоартрите може да ги поделиме на примарни и секундарни.
Кај примарниот ОА (остеоартритис) се смета дека преголемите товари предизвикуваат оштетување на инаку здравиот зглоб. ‘Рскавицата се оштетува уште на почетокот и тоа на централни места, при што се појавуваат мали дефекти кои се викаат фисури како и поголеми микрофисури односно мали пукнатини. Постепено тие пукнатини од површината се зголемуваат и поголеми регии остануваат без ‘рскавица и притисок трпи субхондралната коска. Синовијалната мембрана е многу тенка и се состои од клетки синовиоцити кои продуцираат синовијална течност. Синовијалната течност претставува прихрана за ‘рскавицата и дејствува како лубрикант на зглобот и притоа се намалува и способноста на хондроцитите да се реплициираат. Почетно се зголемува водата во рскавицата, доаѓа до намалување на колагенот тип 2 како и ослабување на кератин сулфатот, намалување на хијалурон и создавање на абнормален хијалурон. Се појавува биохемиски зголемена концентрација на фактори на воспаление (IL-6, C1M, C3M и CRPM), а доаѓа и до ремоделирање на коската и формирање на остеофити кои од своја страна може да бидат маргинални или централни.
Во самата коска можат да се создадат празнини –цисти.

Кај секундарниот остеоартитис, фактори за настанување можат да бидат:
– Вродени – лукасација или дисплазија на колк,
– Болести кои ја оштетуваат рскавицата како диабет,
– Хормонални болести,
– Зголемена телесна тежина,
– Принудна положба на некој професии, како на пример стоматолози, плочкари, фризерки итн.
Ако направиме уште една поделба на факторите, се добива и поделба според индивидуата односно, години, пол, раса, генетски фактори, обезност, минералната јачина на коските, како и употребата на метформин.
Според факторите кои го засегаат зглобот, тие можат да бидат: претходна повреда на самиот зглоб, деформитет на зглобот, слаби мускули, разлика во должината на екстремитетите, професионални спортисти, професии кои бараат појака физичка активност и др.
Најчестиот симптом кај остеоартитисот е болка во самиот зглоб. Болката се зголемува со поголема активност, особено ако претходел период на одмор.
Често може да предизвика и утринска вкочанетот, која трае околу 15 до 30 минути за разлика од ревматоидниот артритис каде таа болка знае да продолжи 45 минути или повеќе.
Најчесто се афектирани колковите, колената, рацете како и ‘рбетот, но може да биде засегнат и било кој друг зглоб. За разлика од ревматоидниот артитис симптомите кои се појавуваат кај остеортритисите се асиметрични.
Дијагностиката се прави уште на клиничниот преглед каде се прати визуелно изменет и задебелен зглоб. Потребно е да се следи обемот на движење на самиот зглоб (ROM) дали е ограничен или е слободен во цел обем.
Нативна рентген снимка е доволна за да се потврди дијагнозата и да се отфрлат други состојби. Генерално се прават антерпостериорно и латерални радиографии на зглобот во стоечка позиција под дејството на телесна тежина. Во раните фази на остоартитисот нативната радиографија е негативна или поретко со мали остеофити на пателарните рабови. Со напредокот на болеста веќе се забележуваат промени со намалување на зглобиот простор, склероза на коската, формација на рабни остеофити, субхондрални цистични промени како и деформации на зглобовите.
Понапредни испитувања како компјутерска томографија и магнетна резонанца ретко ни се потребни освен ако се сомневаме во повреда на лигамент или менискус, со што би се оправдала нивната употреба.
Употребата на ултразвукот традиционално не е дел од клиничките протоколи за дијагностика на остеортитисот. Сепак, кога ќе ја разгледаме научната литература, улогата на истиот полека се зголемува во последниве две декади. Ултразвучната дијагностика на зглобовите ни нуди неколку предности, вклучувајќи можност за набљудување на промените во мекото ткиво кое е поврзано со остеартитисот, надворешните контури на коскените структури на самиот зглоб. Може да ни даде информација во врска со воспаление односно инфламацијата. Најчести инфламаторни признаци се: ефузија во зглобот, присуство на бурзитиси, цисти, истенчување на синовијата и хиперваскуларизација. Сите овие признаци се лесно воочливи со ултразвук, а се асоцирани со егзецербација на болката и прогресирање на остеоатритисот.

Третман

Освен медикаментозната терапија, начинот на исхрана, вежбите, улога во лекување на остеоаритисот имаат и физикалните модалитети. Дел од физикалните модалитети се условно препорачани поради нехомогеноста во клиничките студии и малиот број на испитаници во групите.
Сите гадјлајнови за лекување на остоартритисот имаат слични препораки: едукација, самоменаџирање, физикална терапија како и препорака за орална терапија со нестероидни антиифламаторни лекови, интаартикуларни лекови и оперативно лекување.