Фото: Пиксабеј

Автор: Д-р Рауф Абдиу

Лумбоишијалгија, позната и како ишијас, претставува болка која се шири од долниот дел на грбот и надолу по ногата, најчесто поради притисок или иритација на ишијалниот нерв. Предизвикува дискомфорт кај пациентот и го влошува квалитетет на живот .
Причини
Има доста прични за појава на лумбоишијалгија но најчестите причини за појава на лумбоишијалгија вклучуваат:
• Хернија на дискот
• Поместување на меѓупрешленскиот диск кој притиска на нервот.
• Спинална стеноза – Стеснување на ’рбетниот канал, често кај лица над 45 години.
Исто така и дегенеративни промени како што се стареење на дисковите помеѓу пршлените.
Можни се и други фактори кој се чести причнители за појава на лумбоишијалгија како: Повреди, воспаленија, тумори, неправилно седење или одење, носење на високи потпетици, подигање тежок товар.
Симптоми
Најчестите симптоми се:
• Болка – Остра, жаречка болка која се шири од долниот дел на грбот долж ногата.
• Трнење и вкочанетост – Чувство на трнење, слабост или здрвување во погодената нога.
• Засилување на болката: Болката се влошува при седење, стоење, кашлање или кивање.
Дијагноза
Дијагнозата на лумбоишијалгија се поставува преку: Медицинска историја и физикален преглед.
Понекогаш се потребни и дополнителни испитувања: Електромиографија (ЕМГ), рендген, компјутерска томографија (КТ) или магнетна резонанца (МР) за прецизно утврдување на причината.
Третман и олеснување
• Медикаментозна терапија НЕУРОПРОТЕКТОР – витамини Б1, Б6 и Б12 во комбинација прв избор во медикаментозниoт третман покрај различните НСАИЛ лекови, миорелаксанти, , парацетамол,топикални НСАИЛ итн.

• Физикална терапија и вежби за истегнување: Вежби за истегнување на мускулите на долниот дел од грбот и нозете. Јакнење на мускулатурата: Вежби за зајакнување на стомачните и грбните мускули.

• Неуродинамички вежби: За подобрување на подвижноста на нервите.

• Хируршки третман Во случаи кога конзервативните методи не даваат резултати, може да се разгледа хируршка интервенција.

Домашни совети – Избегнување на продолжено седење или стоење , чести паузи и промена на положбата. Примена на топли или ладни облоги ,за намалување на болката и воспалението