Фото: Пиксабеј

Автор: Д-р Гордана Маџункова, специјалист по семејна медицина

Лумбоишијалгија е медицински термин кој го опишува болка што потекнува од долниот дел на ’рбетот и се шири по должината на седалниот нерв (n. ischadicus) надолу по ногата. Најчесто зафаќа една страна од телото и може да биде предизвикана од иритација, компресија или воспаление на овој нерв.

Симптоми

  • Остра болка која започнува во долниот дел на грбот и се спушта преку задникот, задната страна на бутот и понекогаш до стопалото
  • Онеспособувачко чувство на слабост, трпки или пецкање
  • Болката се влошува при седење, кашлање или кревање тежок товар.

Причини

Најчест причинител е дискус хернија – изместување на ‘рбетниот диск што притиска врз нервот. Меѓу другото, причини можат да бидат и:

  • Спинална стеноза
  • Синдром на пириформис
  • Повреди или воспалителни процеси.

Третман и олеснување

  • Мир и одмор, но не и долготрајна неактивност
  • Физиотерапија и специјализирани вежби
  • Антивоспалителни лекови
  • Топли и ладни облоги
  • Во некои случаи ако симптомите се хронични се размислува и за инвазивни постапки.