Автор: Прим. д-р. Абдулхади Р. Шишко, педијатар
Кожата е најголемиот, динамичен и комплексен орган кој има огромна заштитна улога и клучна улога во одржување на хомеостазата на организмот. За разлика од возрасните, кај новородените деца развојот на кожата не е целосно завршен. Особено во постнаталниот период кога настанува адаптација во надворешнара средина. Таа е потенка, покриена со фини тенки влакна т.н лануго влакна и има по малку лојни и потни жлезди.
Веднаш после раѓање кожата на новороденчето има многу важни функции како што е механичкат заштита, заштита од дехидрација од инфекции и ладење. Покрај тоа, кожата од еден стерилен орган во интаутериниот живот сега веке се колонизира со микроорганизми во рок од неколку часа. Овие промени доведуваат до посебна адаптација кои го обликуваат нормалниот изглед на кожата а со тоа и минливите нормални нејзини промени. Кожата на новороденото е покриена со една заштитна покривка наречена Vernix caseosa, која што има подмачкувачки и антибактериски својства.
Она што е многу важно при преглед на новороденче е да се разликуваат тешките промени на кожата од нејзините преодни промени кои што понекогаш може да се манифестират со клиничка слика која е по драматична, и често тоа е причината заради која родителите се јавуваат на педијатар.
Кожните промени кај новороденчињата се чест проблем и може да бидат предизвикани од различни фактори. Една груба поделба на кожните промени кај новороденчињата може да биде како инфективни и неинфективни промени, кои често се појавуваат во склоп на адаптација на новороденото на надворешните фактори.
Од вообичаените состојби на кожата кои се јавува кај новороденчињата а кои спаѓаат во групата на неифективни стостојби се:
Еритроза, која е асоцирана со мраморизација на кожата, особено кога новороденчето е разголено.
Erythema universal е– промена која што се јавува по првото капење на новороденото која се манифестира со изразено генерализирано црвенило на кожата.
Milium – промени кои се манифестираат како ситни мали бели зрнца локализирани на носот и брадата, а кои се јавуваат како резултат на блокирани пори на кожата. Оваа кожна промена исчезнува спонтано за 2-3 месеци и не бара никаков третман.
Erythema toxicum– е бенигна самолимитирачка состојба на појава на црвени макули централно со бело жолтеникави акни кои се јавуваат на вториот ден од животот.. Етиологијата на појава не е позната, а предоминантно е присутна по телото (во предел на стомак, гради или задните делови) Се јавува кај 30-70% од термински новороденчиња. Вообичаено поминува во период од две недели и не бара специфичен третман.
Неонатална десквамација ( „неонатален пилинг”) – Состојба при која кожата на новороденото се лупи како резултат на адаптација, а најчесто се јавува на рацете и стапалата. Како состојба најчесто се манифестира кај преносените новороденчиња.
Baby acne– промена која логично се очекува да се јави кај тинејџерите, но еве и бебињата имаат акни кои се јавуваат како резултат на хормоналните промени кај мајката односно како резултат на андроген ефект. Тие се јавуваат во првите 30 дена од животот. Генерално се минлива и бенигна појава, но треба да се разликуваат од инфантилните акни кои имаат тенденција да бидат по воспалителни. Вообичаено третман не е потребен, но во случаи кога тие перзистираат повеќе од 1 – 3 месеци бараат соодветен третман.
Cradle cup ( себороичен дерматит на скалпот) – Започнува обично на првите недели од животот а се јавува како резултат за зголемно производство на маст oд лојноте жлези. Обично поминува во рок од неколку недели, но може и да потрае неколку месеци. Може да биде со блага форма во вид на првут, или во вид на дебели лушпести или корасти дамки. Потребно е шампонирање на косата употреба на бебешко масло, меко триење со специјална бебешка четка и плакнење на косата.
Кога станува збор за инфективните заболувања на кожата и меките ткива кај новороденчињата, така наречени пиодермии, тие може да се класифицираат на комплицирани и некомплицирани инфекции на кожата и меките ткива.
Американското здружение за инфективни заболувања пиодермиите ги класифицира на некомплицирани, ( фоликулитис, импетиго, ерисипел итн) и на комплицирани ( абсцеси, целулитис итн), ова вака за по лесен практичен пристап на лекарите.
Стафилококната инфекција е најчеста која се јавува кај новороденчињата. Може да се манифестира со појава на меурчиња односно папули полнети со гној.
Постојат неколку типови на неонатална пиодермија кои треба соодветно третирани со системска антибиотска и локална терапија, заради тоа што не соодветниот третман би резултирало со комликации од видот на неонатална сепса, апсцеси итн.
Како ризик фактори за појава на бактериски инфекции на кожата кај новороденото се: прематурни новороденчиња, хоспитализирани новороденчиња, умбиликлана инфекција,
компромитирана кожна бариера ( атописки дерматитис, егзема) итн
- Импетиго ( небулозно импетиго) – предизвикано од Staphyloccoccus aureus, или Streptoccoccus pyogenes. Оваа состојба се манифестира со појава на були по кожа исполнети со течност(гној), кои пукаат и ја оставаат кожата црвена.
- Ектима– предизвикана од истите причинители како импетигото, со таа разлика што промените се по длабоки и се претвараат во улцери
- Фоликулитис– тоа се појава на мали пустули кои се јавуваат околу фоликулуите на коса и се исполнети со гној.
- Целулитис– состојба која опфаќа по големо подрачје на кожата. Таа е сјајна црвена, а новороденчето манифестира и други симптоми како што е покачена телесна температура, одбивност кон доење, раздразливост итн.
Неонаталните кожни нарушувања и инфекции претставуваат значајна грижа во нега на новороденчињата, имајќи предвид дека кожата на бебињата не е иста како кај големите деца, и е по деликатна во развој. Почнувајќи од вообичаените состојби кои се самолимитирачки до по сериозните нарушувања како што се пиодермиите, раното препознавање и соодветниот третман се клучни за превенција на компликациите.
Со развој на неонаталната нега и секако подобрување на хоспиталните услови од една страна и развој на таргетирани антимикробни лекови, прогнозата за повеќето неонатални кожни состојби е подобрена. Сепак останува евидентно дека континуираната медицинска едукација на новите лекарски кадри, и едукацијата на родителите остануваат клучни во достигнување на оптимални резултати на новороденечките кожни промени. Треба да се подигне свеста и да се продолжи со промовиранње на рана интервенција со цел заштитување на здравјето на кожата на новороденчињата и да го подобриме благосостојбата на нашите најмали пациенти.