Автор: д-р Самир Ал-Барагони, супспецијалист по кардиологија
Коронарната артериска болест, како водечка причина за морбидитет и морталитет кај населението во светот, претставува една од главните области на мојата секојдневна пракса и преокупација, па врз основа на тоа е и предмет на моето излагање.
Коронарната артериска болест се дефинира (КАБ) како состојба предизвикана од стеснување (стеноза) на големите крвни садови (коронарни артерии) кои го снабдуваат срцето, однсоно срцевиот мускул (миокардот) со кислород, преку наталожување и формирање на атеросклеротски плаки, наслаги во луменот на коронарните артерии кои го попречуваат протокот на крв. Симплифицирано кажано тоа е состојба во која несоодветно снабдување со крв и кислород до миокардот.
Се манифестира преку симптоми на замор, отежнато дишење при напор, а потоа и во мирување и секако како главна маифестација – градна болка при физичка активност, а потоа и во мирување, зависно од степенот на напредување на самата болест. Механизамот на дејство, односно патофизиолошки механизам на руптурата на атеросклеротската плака, последователно обструкција, односно целосна болкада на крвниот проток низ коронарната артерија, се манифестира и резултира во акутен миокарден инфаркт, однсоно срцев удар.
Покрај тоа може да доведе и до други здравствени проблеми како срцева слабост или проблеми со срцевиот ритам, односно аритмии, соодветствено се користат различни третмани за да се намалат симптомите и ризикот од компликации.
Целта на ова излагање е да се осознае и добие претстава на начинот на препознавање, дијагноза, примена на методи, превенција, третман и рехабилитација на пациентите со оваа патологија.
Манифестација (како се маинфестира, со кои симптоми, знаци и клинички форми се прoјавува кај пациентите)
Симптомите на КАБ може да варираат од отежнато дишење до болка во градите со различен интензитет. Овој вид на болка се нарекува ангина пекторис. Обично се поврзува со чувство на стегање или анксиозност и може да се прошири на рацете, задниот дел на вратот, грбот, плешките, горниот дел на стомакот или вилицата. Овие симптоми најчесто се активираат со физички напор бидејќи тогаш на срцевиот мускул му треба повеќе кислород. Тие се јавуваат доколку има намален прилив на крв низ коронарните артерии. Нивото на физичка активност на кое почнуваат да се појавуваат симптомите се нарекува и „праг на ангина“.
Кај стабилна ангина овој праг останува непроменет подолг временски период. Тежината на симптомите е секогаш приближно иста . Симптомите брзо исчезнуваат со одмор или по земањето на лекот.
Нестабилна ангина се користи за да се опише ангина во која симптомите се влошуваат одеднаш без никакви промени во однос на физичкиот напор или ако се промени прагот. Болката може да започне порано, да трае подолго, да се јавува почесто или да стане поинтензивна. Првиот пат кога ќе се појави ангина, исто така е класифицирана како нестабилна. За разлика од стабилната ангина, нестабилната ангина е итна медицинска помош: постои ризик од срцев удар, односно миокарден инфаркт, бидејќи артеријата може целосно да се блокира без никакво предупредување.
Етиологија (кои би биле причини за појава на болеста, како и фактори на ризик кај пациентите)
КАБ е предизвикана од артериосклероза (стврднување на крвните садови). Артериосклерозата се развива од мали воспаленија на ѕидовите на крвните садови. Клетките, мастите и другите материи се лепат на ѕидовите таму и формираат наслаги. Тие се нарекуваат плаки. Наслагите во коронарните артерии на почетокот не се забележливи. Ако се наталожат со текот на времето, тие може да почнат да влијаат на протокот на крв низ крвните садови сè повеќе и повеќе, додека еден дел од срцевиот мускул не добие доволно кислород.
Физичката активност или емоционалниот стрес потоа може да доведат до нелагодност и болка во градите (стабилна ангина). Но, и плаките може одеднаш да руптурираат и да се формира згрутчување на крвта што речиси целосно го блокира крвниот сад. Ако тоа се случи, болката во градите може да се појави и без претходен физички напор (нестабилна ангина). Ако една од артериите е целосно блокирана (инфаркт), дел од срцевиот мускул ќе изумре, доколку не се преземат итни мерки.
Коронарната артериска болест е мултифакторна појава. Етиолошките фактори може широко да се категоризираат на немодифицирачки и модифицирани фактори. Фактори кои не се модифицираат вклучуваат пол, возраст, семејна историја и генетика. Модифицираните фактори на ризик вклучуваат пушење, обезност (дебелина), нивоа на липиди и психосоцијални варијабли.
Забрзаниот начин на живот, преку конзумирање на брза храна и нездрави оброци, доведедува до зголемена преваленца на исхемични срцеви заболувања.
Во развиентот свет, подобрата примарна здравствена заштита, во средните и повисоките социоекономски групи, ја турна инциденцата кон подоцнежниот дел од животот.
Пушењето останува причина број еден за кардиоваскуларни заболувања. Машкиот пол е повеќе предиспониран од женскиот.
Хиперхолестеролемијата останува важен модифициран фактор на ризик за КАБ. Зголемените липопротеини со ниска густина (LDL) го зголемуваат ризикот за CAD и покачените липопротеини со висока густина (HDL) ја намалуваат инциденцата на CAD. 10-годишниот ризик на поединецот од атеросклеротични кардиоваскуларни болести може да се пресмета со помош на равенката ASCVD достапна на интернет на порталот на Американското здружение за срце.
Маркерите на воспаление се исто така силни фактори на ризик за коронарна артериска болест. Се смета дека CRP со висока чувствителност (hsCRP) е најдобриот предиктор на коронарната артериска болест во некои студии, иако употребата на истата во практични услови е контроверзна.
Дијагноза (кои методи и материјали ќе ги искористиме за да поставиме дијагноза на самата болест)
Болката во градите може да биде предизвикана од КАБ, но може да биде предизвикана и од многу други работи. Разните патологии кои ги зафаќаат мускулите или коските во предел на градниот кош, често се причина. Воспаление на срцевиот мускул или болести кои ги зафаќаат белите дробови или хранопроводот, исто така, може да предизвикаат болка во градите.
Главниот и наједноставен начин за поставување на суспекција или дијагностицирање на КАБ е со електрокардиограм (ЕКГ). Секако, пред тоа е потребна добра анамнеза (распрашување на пациентот за актулентата состојба, ризики фактори, минати болести, коморбидитети, фамилијарна оптовареност за одредена болест), која е и пола дијагноза. ЕКГ се прави при одмор или при напор (коронарен стрес тест). За евалуирање, понатаму доаѓаат во предвид лабораториски испитувања (пред се hS тропонин, ензими од типот на CPK, CK-MB, LDH, миоглобин, АСТ, како и основни лабораториски параметри). Исто така, потребно е да се направи и ултразвучно снимање на срцето (ехокардиографија) и/или да се аплицира друга техника на снимање (стрес ехокардиографија, миокардна перфузиона сцинтиграфија, КТ коронарографија, класична коронарна ангиографија) за да се испита срцето. Возраста на лицето, другите медицински состојби и видот на симптомите ќе одредат какви дополнителни тестови би можеле да бидат потребни. За да добиете идеја за ризикот од компликации и да направите план за лекување, вашиот лекар може да предложи да направите повеќе тестови. Дијагнозата обично вклучува: Одредување на факторите на ризик: докторот ќе ве праша за кардиоваскуларните болести во вашето семејство и за вашиот животен стил – на пример, дали пушите и што јадете. Мерење крвен притисок: Крвниот притисок се мери бидејќи високиот крвен притисок е клучен фактор на ризик за компликации на КАБ. Физички преглед: испитувањата како што се ауксултација на срцето или чувство на црниот дроб може да помогнат да откриете дали можеби имате други состојби како што се срцева слабост или проблеми со срцевите залистоци. Тест за метаболички нарушувања: Вашата крв може да се тестира за да се бараат метаболички нарушувања како што е дијабетес тип 2. Дијабетес тип 2 може значително да го зголеми ризикот од развој на компликации.
Третман (како би ги третирале и лекуваме пациентите со КАБ и што е најважно како би превенирале појавата на КАБ)
Главните цели на третманот за КАБ се ублажување на симптомите и спречување на компликации. Лековите може да ги намалат симптомите и ограничувањата во секојдневниот живот предизвикани од стабилна ангина. За таа цел се користат бета блокатори, блокатори на калциумови канали и нитрати. Ако тоа не помогне и постои индикација, тогаш се прави коронарна ангиографија, односно инвазивно снимање на коронарните артерии за да се утврди дали постои стеснување, преку пристап- трансартериски кататер и визуелизација на ртг апарат- ангиограф преку аплицирање на јоден контраст. Доколку се утврди дека се работи за поединечни стеснувања, во опција доаѓа перкутана коронарна интервенција, а доколку артериите се екстензивно стеснети, или ако се зафатени неколку крвни садови, може да се разгледа опцијата оперативен третман – бајпас на коронарните артерии. Ова вклучува земање крвен сад од друго место во телото (најчесто вена од долните екстремитети или артерија од левата рака) и негово користење за пренасочување на крвта околу блокираната коронарна артерија (заобиколувајќи ја). Сеако во предвиде треба да се земе и добра превенција за спречување на компликации како срцев удар или срцева слабост: здрава исхрана, умерена физичка активност, откажување од пушење, намалување на телесната тежина. Исто така, постојат голем број на различни лекови кои можат да спречат компликации и да го зголемат животниот век, меѓу кои ниски дози на ацетилсалицилна киселина, за спречување на згрутчување на крвта, Статини за заштита на крвните садови (стабилизација на атерокслертоски плаки), бета блокатори за намалување на оптоварувањето на срцето (особено кај луѓе со срцева слабост и висок крвен притисок).
Рехабилитација (како да се постапи понатаму, по завршување на лекувањето на пациентите)
Кај пациенти со КАБ се препорачува и програма за срецва рехабилитација. Ова има за цел да ја зголеми физичката издржливост, да го подобри квалитетот на животот и да спречи компликации. Програмите за срцева рехабилитација често вклучуваат комбинација на вежбање, учење како да се справите со болеста и факторите на ризик, како и психолошка поддршка. Програмата се спроведува од тим на специјалисти од областа на медицината, физиотерапијата, нутриционизам и психотерапијата. Истражувањата покажаа дека вреди да се прави срцева рехабилитација која вклучува вежбање: може да го подобри квалитетот на животот и да го зголеми очекуваниот животен век. Срцевата рехабилитација е особено препорачлива ако некој имал срцев удар, ако КАБ веќе довел до срцева слабост или ако симптомите во голема мера влијаат на нормалните секојдневни активности.
Прогноза (од што ќе зависи самиот тек на болеста, како би влијаеле разните прогностички фактори на исходот на болеста)
Прогнозата на болеста зависи од повеќе фактори од кои некои би можеле да се модифицираат, додека други се непроменливи. Возраста, полот, фамилијарната историја, генетиката на пациентот, етничката припадност, исхраната, навиките, усогласнеоста со лековите, достапноста на здраствена заштита и финанскиска состојба се некои од факторите. Коморбидните состојби вклучувајќи дијабетес мелитус, хипертензија, дислипидемија и хронична бубрежна болест, исто така, имаат улога во севкупниот исход.
Хроничните болести сега се доминантни придонесувачи за глобалниот товар на болести, а КАБ е најголемиот придонесувач во кластерот на хронични болести. Врз основа на голем број на докази, превенцијата на КАБ, треба да започе со глобална проценка на ризикот и да продолжи со соодветен третман на фактори на ризик кои може да се модифицираат. Индикациите за терапија со лекови во превенција на КАБ се сè подобро дефинирани. Ако липидниот профил во крвта е абнормален, тоа треба да се коригира и постигнат целните нивоа за LDL холестеролот,контролата на тежината, квалитативно задоволителната исхрана и соодветните аеробни вежби се од огромно значење. Иако стапките на смртност од CVD се намалуваат во повеќето земји со високи приходи, трендовите се зголемуваат во повеќето земји со низок и среден приход.