Фото: Пекселс

Автор: Д-р Ангелчо Јованчев

Иритабилниот колон или кај народот попознат како синдром на нервозни црева е едно од најчестите гастроинтестинални заболувања. Најчесто се јавува помеѓу 20-30 година од животот, два пати почесто кај жените.
Постојат бројни теории за причините на овој синдром, но ниту една не е разјаснета. Како фактор кој има улога во појавувањето на овој синдром е стресот, па затоа некои го карактеризираат и како психосоматско заболување.
Симптоми: болка во стомак (најчесто во вид на грчеви, спазми ) со различен инензитет, гасови во стомак, подригнување, мачнина во стомак, нагла потреба за празнење на цревата со наизменично опстипација и дијареа, присуство на слуз во столицата, чести меки столици , чувство на недоволно празнење на цревата, болка во препонските регии.
Карактерисично е што симптомите се најинтензивни наутро, се намалуваат во текот на денот, а престануваат по празнење на цревата, а никогаш не се јавуваат ноќе.
Дијагноза: анамнеза, физикален преглед, лабораториски анализи, ендоскопски преглед.

Терапијата може да биде нефармаколошка и фармаколошка.

Нефармаколошка: исхрана-почести и помали оброци, избегнување на тешко сварлива храна, алкохол, кафе, газирани пијалоци, конзумирање на поголема количина на вода. Избегнување на стресни ситуации, зголемување на отпорноста на организмот на стрес.
Фармаколошка: антиспазмолитици, антидепресиви.

Лекувањето има за цел ублaжување на симптомите и подобрување на квалитетот на живот бидејки пациентите често патат од психичка напнатост и стрес.