Медицински совет
Трикот што гарантира дека побрзо и поспокојно ќе заспиете за подобар сон е прегледан од повеќе од 11 милиони луѓе низ светот.
Во последно време сè повеќе луѓе се жалат на слаб сон. Сето тоа е предизвикано од денешниот брз ритам на животот, поради што луѓето се толку преоптоварени што не можат да заспијат со часови. Ако имате проблем да заспиете и ве мачи несоница, овој трик е за вас.
Популарниот акупунктурист што го покажал трикот тврди дека може да ви помогне. Д-р Џош Хенсон е вистински хит на Тикток и секојдневно со следбениците споделува практични едноставни совети што секој може да ги примени дома.
Како се изведува трикот? Постои точка зад увото што треба да ја масирате.
– Стави го прстот зад увото, ќе почувствуваш една од испакнатините. Можеби малку те боли на допир. Триј ја со кружни движења, од сто до двесте пати. Тоа ќе го смири нервниот систем и ќе го олесни заспивањето – рече тој.
Видеото има 11 милиони прегледи и 900.000 допаѓања.

































