Автор: Д-р Елица Ресавска Мицева, специјалист по семејна медицина
Ишијасот или долногрбната болка е состојба која се одликува со појава на болка и чувство на непријатност во долниот дел од рбетот, која во 20-50% од случаите може да биде придружена со болка и трнење на едната или обете нозе. Болката е резултат на компресија на ишијадичниот нерв.
Околу 80% од возрасните страдаат од болки во долниот дел од грбот во одреден период од нивниот живот. Од оваа непријатна болка страдаат млади луѓе кои се занимаваат со тешка физичка работка како и луѓе во поодминати години. Некои епизоди на болка се предизвикани со одредени настани како трауматска повреда.
Причината која најчесто доведува до компресија на нервот е херниран диск во лумбосакралниот дел од рбетниот столб.
Долногрбната болка претставува блага до остра болка или непријатност во долниот дел од грбот, која зрачи кон глутеална регија, која преку колкот се спушта во задиот дел на ногата, а во одредени случаи ги зафаќа стапалото и прстите. Истата се појачува за време на физички напор при подолго одење или седење на исто место. Како резултат на болката, одењето е отежнато и е со завлекување на една од нозете. Болката може да биде акутна или хронична доколку константно се чувствува во период од три месеци. Исто така се јавува и огранучување на движењето во рбетот, при флексија и екстензија – наведнување кон напред или назад, напнатост во мускулите кои го опкружуваат рбетот, па и вкочанување на грбот.
При влез во ординација на пациент со долногрба болка се забележува неговото одење, евентуално завлекување на едната нога, помош од друго лице при преглед.
Дијагноза се поставува со преглед – клиничка слика, невролошки наод, РТГ/МРИ на `рбетен столб.
По поставената дијагноза, терапијата е давање на аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови, медикаменти за реалксација на мускулатурата, комбинација на витамини од групата Б – Б1, Б6, Б12, се соверува пациентот да остане активен, пливањето се препорачува и лежење и одмор на цврста и рамна подлога.