Автор: Д-р Лулзим Стрикчани, педијатар
Дехидрацијата е состојба со значителна загуба на течности од телото. Со неа се губат и електролити, кои, меѓу другото, обезбедуваат правилна дистрибуција на вода во телото, како и правилно спроведување на биохемиските процеси. Најчестите причини за дехидратација кај децата се повраќање и дијареја.
Зашто преставува педијатриски проблем?
– Болно дете – помал внес на вода
– Поголем процент на телесна вода
– Фебрилноста ја покачува потребата од течности
– Поголема метаболичка стапка кај децата
– Помала толеранција на течности и електролитни промени
– Послаби ренални меканизми на концентрација кај неонаталните бебиња, доенчињата и помалите деца.
Причини за дехидратација
– Намален внес на вода
– Зголемен губиток
– Инсенсибилно губење
– Ренално губење
– Губење на течности преку гастроинтестиналниот тракт
– Транслокаци
– Изгореници
– Асцит.
Најчести причинители
– Недоволен внес на течности – негрижа на родителите, стоматит, фарингит
– Пролив – најчесто поради цревни инфекции
– Повраќање – инфекции на гастроинтестинален тракт, метаболни, системски болести
– Зголемена телесна температура
– Хипервентилација
– Полиурија како резултат на вродени и стекнати бубрежни болести, ендокрини болести (diabetes insipidus, diabetes mellitus).
Клиничка слика
Со физикален преглед на детето можеме да го процениме степенот на дехидратацијата, кој може да биде:
Лесна дехидратација – губитокот на течност е 30-50 милилитри на килограм телесна тежина (или 5% од телесната тежина).
Умерена дехидратација – губитокот на течност е 50 – 100 милилитри на килограм телесна тежина (или 10% од телесната тежина).
Тешка дехидратација – губитокот на течност е милилитри на килограм телесна тежина (или повеќе од 10% од телесната тежина).
Симтоми и знаци на според степенот на дехидратација
Блага дехидрација: Жед, која може да не е многу изразена, мокрењето е нормално, добра општа состојба, плаче со солзи, очите не се суви, јазикот и усната шуплина се влажни, еупноично дишење, нормален тургор и еластицитет на кожата, пулс опиплив и нормална, фонтанела во ниво на околните коски.
Умерена дехидрација: Нормално пиење, нарушување на мокрењето, детето е поспано, плаче без солзи, халонирани очи, сув јазик, тахипнеа, намален тургор на кожата, забрзан пулс, вовлечена фонтанела.
Тешка дехидрација: Слабо пиење, нема мокрење во последните 8 часа, дете е со нарушена свест, чести грчеви-конвулзии, плачење без солзи, очи суви и воспалени, јазик и уста сува, тахипнеа, тургорот на кожата многу слаб, пулс брз и слабо опиплив.
Лекување на дехидратацијата
Лекувањето зависи од степенот на дехидратацијата. Кај благите и некои умерени дехидрации се дава орална рехидратација. Кај децата со тешка дехидратација се дава парентерална рехидратација.
Перорална рехидратациона терапија
Треба да се настојува рехидратацијата да се спроведува по перорален пат во сите случаи каде е тоа можно, со орална рехидратациона солуција/раствор (ОРС).
Во фазата на рехидратација количината на ОРС која детето треба да ја прими за рехидратација и времетраењето на рехидратацијата, зависи од степенот на дехидратацијата. За лесна се дава 50 милилитри на килограм телесна тежина за 2-4 часа. За умерена се дава 100 милилитри на килограм телесна тежина за 4-6 часа, а за тешка 150 милилитри на килограм телесна тежина за 9-12 часа.
Во фазата на оддрживање на хидратацијата се дава 100 милилитри на килограм телесна тежина.
Зашто ОРС
ОРС е ефикасен, едноставен, евтин, безбеден. Еден од препаратите што не треба да недостига во домашната аптека се оралните рехидратациони раствори. Родителите треба да се едуцират да започнат да го користат кај сите состојби и болести што водат до дехидратација на нивните деца.




































