Медицински совет
Дебелината е општ проблем во светот, па затоа научниците се обидуваат да најдат нови решенија. Истражувањето објавено во Журналот за микробиологија укажува на врската помеѓу автофагијата и промените во цревата и мозокот што би можеле да ни помогнат да одржуваме здрава телесна тежина.
Кинеските истражувачи следеле 25 дебели доброволци, кои со помош на автофагија изгубиле во просек 7,6 килограми за 62 дена. Во исто време, забележани се промени во активноста во оние делови од мозокот што се поврзани со дебелината, како и со бактерискиот состав на цревата. Според истражувачите, се покажало дека постои поврзаност помеѓу автофагијата и оската мозок – црева. На оваа оска дејството е реципрочно, бидејќи цревниот микробиом произведува невротрансмитери и невротоксини што стигнуваат до мозокот преку нервите и крвотокот. Спротивно на тоа, мозокот ги контролира нашите навики во исхраната, а хранливите материи од храната го менуваат нашиот микробиом.
Оваа студија исто така покажа дека бактериите пронајдени во столицата на испитаниците биле негативно поврзани со мозочната активност што ја контролира нашата желба за храна. Повеќе од милијарда луѓе во светот страдаат од дебелина, па натамошната анализа на оваа врска ќе може да им помогне доколку се знае кој микробиом дава успех во слабеењето.