Фото: Приватна архива

Автор: Д-р Веселка Трајкова

Анемија претставува намалување на бројот на црвените крвни клетки, вкупниот хемоглобин и или хематокритот, што резултира со намалена способност на крвта да ја извшува својата функција – транспорт на градиенти, кислород и деградациони продукти до ткивата и од нив. Анемијата има променлива преваленца, позастапена е кај деца и жени. Самата анемија најчесто се открива при рутинска контрола на крвна слика.
Феродефицитната анемија е водечка, односно најзастапена е од сите анемии.
Анемијата претставува само симптом, не конечна дијагноза, односно причините кои доведуваат до анемија треба да се иследуваат за да се изнајде решение на самата состојба.

Феродефицитна анемија

Повеќето случаи на микроцитна анемија настануваат како резултат на недостаток на железо. Феродефицитната анемија е само симптом и мора да се открие патогенетскиот механизам кој доведува до неа.
Најчести причини: гинеколошки крварења – полипи, обилни менструални крварења, крварења од ГИТ (хемороиди, горно и долнодигестивни крварења, полипи…)

Стадиуми

-Намалена концентрација на резервно и серумско железо, и норамално ниво на хемоблобин
-Лесен стадиум – недостиг на резервно железо, недостиг на серумско железо и ниско заситување на трансферин но без анемија
-Напреднат стадиум – Намалено ниво на хемоглобин, намалено ниво на серумско железо и губење на резервно железо во целост
-Феродефицитна анемија – напреднат стадиум на дефицит на железо, нема резервно железо, ниско серумско железо и ниско ниво на хемоглобин во крвта.

Третман

-Препарати на железо, најчесто перорални, таблетафна форма препарати – 3 месеци нормализирање на нивоата на хемоглобин и железо.
-Двовалентно железо – феросулфат, фероглуконат, феролактат…
-Парентерална интрамускулна терапија.
-Интравенско аплицирање – на препарати на железо.

Мегалобластни анемии

Нарушување во синтезата на ДНК и тоа кај 90% од мегалобластните анемии настанува како резултат на дефицит на кобаламинот (витамин Б12) и/или фолна киселина (Витамин Б9).

Причини за недостиг на витамин Б12

-Строги вегетаријанци
-Blind loop синдром – јејунални дивертикули
-Вроден недостиг на нормален пепсин и желудочен сок
-Илеална малапсорпција на вит Б12
-Вродена селективна Б12 малапсорпција
-Вроден недостаток на транскобаламин 2
-Тотална или парцијална гастректомија
-Регионален ентеритис, илеална ресекција
-Целијакија
-Илеална туберкулоза
-Хроничен панкреатит

Причини за недостиг на витамин Б9

-Неадекватна диета
-Алкохолозам
-Целијакија
-Конгенитална малапсропција на фолати
-Зголемени потреби, пр. Кај Бременост
-Раст и развој во пубертет
-Хемолитички анемии
-Хронична дијализа
-Неоплазми
-Орални контрацептиви

Недостиг на витамин Б9 и Б12

Симптоми – слабост, заморување, парестезии, болен јазик со чувство на печење (Hunter glossit), градна болка, диспнеи.
Субкутана комбинирана дегенерација на латералните и дорзалните спинални колумни, заради нарушување во создавање на миелин.
Трпки по стапала, несигурност во одењето, атаксија, спастична параплегија и губење на сфинктерите (спонтано мокрење и дефекација)
Слабеење на памтењето, раздразливост, деменција.

Третман

-Орални препрарати на витамини од група Б
-Витамин Б12 – интрамускулна апликација
-Хемотрансфузии на деканирана еритроцитна маса
-Фолна киселина – орални препарати
-Доживотна профилакса