Автор: Д-р Ратко К. Наумоски, инфектолог во ОБ „Ферид Мурад“, Гостивар
Алергиски ринитис е воспаление на слузницата на носот кое се јавува како последица на прекумерна реакција на имунолшкиот систем на алергените од воздухот. Главни симптоми се: течење на носот или затнат нос, кивање, црвенило, чешање и солзење на очите и оток околу очите. Најчесто секретот е бистар (симптомите се јавуваат до неколку минути по изложување на алергенот). Некои луѓе може да развијат симтоми само за време на одреден период од годината, како резултат на изложеност на полен. Голем дел од пациентите со алергиски ринитис исто така имаат астма, алергиски коњуктивитис или атопичен дерматитис.
Алергиски ринитис вообичаено е потикнат од алергени од средината каде што се полен, влакна од животни, прашина или мувла.
Генетските фактори исто така доведуваат до развој на алергии. Основниот механизам вклучува врзување на igE антителото за алергениот и ослободување на инфламаторни супстанции од страна на мост клетките како што е хистаминот.
Дијагнозата се заснова на симптомите комбинирани со кожен тест или крвни тестови за алергиски специфични igE антитела. Симптомите на алергија наликуваат на оние на настинки. Сепак тие често траат и повеќе од 2 недели и типично не се јавува треска.
Во западните земји помеѓу 10% и 30% од луѓето се засегнати од алергиски ринитис во текот на годините, а најчесто се јавува меѓу 20-40 години од животот.
Постојат студии кои покажуваат дека алергенската провокација на горните дишни патишта не предизвикува само локален инфламаторен одговор, туку може да дојде до инфламација и на долните дишни патишта што го објаснува на коегзистирање на алергиски ринитис и асмата кај иста индивидуа. Симптомите произлегуваат од многубројните аферентни нервни влакна кои се наоѓаат во слузницата на носот, па преку рефлексен механизам, преку центрите во понс и медула облонгата доаѓа до еферентни одговори како што е кивањето, затнатоста, солзењето на очите. Сите овие симптоми доведуваат до намалување на квалитетот на секојдневниот живот, пациентите се жалат на намалена концентрација, чести главоболки, вознемиреност и хроничен замор кои влијаат на работоспособноста и се проследени со зачестени отсуства од работа или училиште.
Типови на алергиски ринитис
-Повремен или интермитентен облик на алергиски ринитис- Симптоми се појавуваат помалку од 4 дена во неделата и помалку од 4 недели во тек на годината.
-Постојан или целогодишен облик на алергиски ринитис – Симптоми се појавуваат повеќе од 4 дена во неделата и повеќе од 4 недели во тек на годината. Најчесто симптомите се нагласуваат во зимскиот период.
Третман на Алергиски ринитис
Се применуваат мерки на превенција , терапетски постапки.
Во мерките на превенција спаѓа намерно избегнувањена контакт со алергени. Природен лек за алергија на полен може да биде секојдневно конзумирање на лажица мед и тоа неколку недели пред цветање на растенијата. Во медот се наоѓа мала количина полен кој може да го припреми организмот на сусрет со алергенот и да ја ублажи реакцијата. За ублажување на симптомите пожелно е да се земаат намирници богати со Ц витамин (јаболка, кромид и зелен чај). Жен шен исто така го подига имунитетот и добро е да се пие по 1 шолја чај .
За елиминација на поленот од носот, носната шуплина треба добро да се исплакне со вода во која има растворено малку морска сол. Исто така за сузбивање на симптомите од алергиски ринитис може да помогне и инхалација од топол чај од жалфија и камилица. Кај алергии на деца треба да бидеме внимателни со инхалацијата.
Докторот одредува терапетски постапки: интраназални кортико-спрејови, интраназални антихистаминици, интраназални деконгестиви, системски кортикостероиди, антихистаминици, деконгестиви. Според новите студии и позитивен ефект во третманот на алергии наоѓаат место и пробиотиците.
Најчесто применети во алергискиот ринитис се интравенскиот кортикостероид. Ако не се постигне саканиот ефект со него се комбинира антиназални антихистаминици. Ние како лекари сме должни будно да ги следиме новостите и актуелните препораки за третман на алергискиот ринитис со што би можеле на најдобар начин да им помогнеме на нашите пациенти во превенција и третман на дадената патологија. Пациентите се советуваат и едуцираат за правилно и редовно да ја примаат ординираната терапија и редовно да се јавуваат на закажаните контролни прегледи.