Автор: Д-р Насир Муслиу, оторинолариголог
Отитис медиа акута кај деца перставува акутна воспалителна состоjба на средното уво. Почеста е кај бебињата помеѓу 6 месеци и 3 години. После 3-тата година, можноста за појава почнува да се намалува.
За честа појава на отитис медиа кај мали деца придонесуваат чести воспалитени состојби на горни дишни патишта, недоволно развиен имунолошки систем, зголемени аденоиди, анатомска специфика на туба аудитива и др.
Отитис медиа акута кај деца почесто е придружена или претходи на инфекција на горни дишни патишта. Се шири низ туба аудитива до средно уво, туба е вид на цевка преку која ушето комуницира со носот и горниот дел од грлота,таа помага во вентилација и дренажа на средно уво. При инфекција слузницата на тубата станува едематозна со што се променува динамиката на истата, доаѓа до инсуфициентна дренажа на секрет кој од средно уво не може да се дренира и собирање на истиот е причина за инфекција во средното уво.
Инфекција во средно уво може да биде вирусна или бактериска.
И вирусна инфекција почесто може да се комплицира и да се развие секундарна бактериска инфекција.
Почести бакерии кои предизвикуват отитис медиа се: Morexela catharrhalis, Streptococuss pneumonie, Haemophilus influenzae и др.
Отитис медиа акута почнува изненадно со јака болка во болното уво, со покачена температура, треска, вознемирост, грозница, понекогаш придружена со повраќање, диареа, намалување на слух, пореметен сон, губење на апетит, чуство на исполнетост и притисок во болно уво.
Бидејќи малите деца и доенчиња не можат да ги кажат своите симптоми забележуваме дека тие почесто ги влечат или ги бришат своите уши, плачење повеќе од вообичаено, дишат преку уста, рчат, одбиват јадење поради намален апетит и болка која се јавува во увото при притисок од голтење…
Отоскопски преглед покажува хипермично испакнато тапанче со поместување на светлосен рефлекс.
Воздушна инсуфлација покажува слаба подвижност на тимпанична мембрана.
Во својот тек болеста понекогаш може спонтано да се повлече, но почесто има потреба да се третира со адекватна терапија. Понекогаш и покрај употребата на адекватната терапија доаѓа до спонтана перфорација на тапанчето и исцедување на серосангвинална или гнојна отореја. После перфорација почесто доаѓа до комплетна санација, но некогаш болеста зазема тек на хроничен отит кој бара хируршки третман као тимпаноплстика или мастодектомиа .
Рутински потребни параметри за поставување дијагноза се: клиничка слика, отоскопски наод на мембрана тимпани, резултати добиени од тимпанометриско испитување, отоакустични емисии и кај повозрасни деца аудиометриско испутивање.
За третман кај случаи со поблага клиничка слика потребни се само аналгетици и физиолошки назални раствори.
Кај случаи со по изразена клиничка слика се дават антибиотици во оптимална доза и оптимален период на употреба ,аналгетици, назални деконгестиви и друга потребна терапија као орална рехидрација, пробиотици.
Во случаи на јаки болки и многу изразена испакнетост на мембрана тимпани, потешка општа состојба на детето, потребно е да се направи парацентеза, ситен рез во тапанчето.
При евентуало ширење на инфекцијата од средно уво во локални структури може да се јавуват сериозни компликаци као мастоидитис, пареза на фацален нерв, субдурарен абсцес, поретко со пенетртрација на инфекција до мозочни сруктури може да се јави и церебрален абсцес.
Состојба со споменати компликации за санација има потреба за хируршки третман.