Mедицински совет
Многу луѓе пијат чај од нане затоа што уживаат во неговиот вкус, а исто така има многубројни здравствени придобивки. Чајот од нане може да помогне во борбата против лошиот здив. Истражувањата од 2017 година покажаа дека гаргара со чај од нане и лимон може значително да помогне да се елиминира овој непријатен феномен. Друга студија, спроведена во 2015 година, докажа дека маслото од пеперминт има антибактериски својства што можат да помогнат да се спречи појавата на забен камен и заболување на непцата.
Аромата на овој чај може да ги ублажи симптомите на мигрена. Исто така може да го одзатне носот и да ги ублажи инфекциите на горниот респираторен тракт. Маслото од пеперминт има идентични ефекти. Луѓето веќе долго време користат нане за проблеми со варењето, односно за нервозен желудник, надуеност и гасови. Ги ублажува грчевите во мазните мускули што можат да бидат предизвикани од менструацијата. Овој чај не содржи кофеин, но има позитивен ефект врз менталниот капацитет. Истражувањето на Универзитетот во Нортамбрија покажа дека нането ги подобрува расположението и способноста за памтење. Истражувачите употребиле плацебо со чај од нане во група од 180 лица.