Многу нови рибари со право се прашуваат на што гризе рибата најмногу при крајот на летото, оти секоја риба поинаку се однесува во различна доба од годината, односно некои риби поостро реагираат на падот на температурата напуштајќи го дното, додека други, пак, излегуваат на нејзината површина
Крајот на август и почетокот на септември е идеално време за рибарање. Малиот пад на температурата на водата ги прави рибите поактивни, било да се мирни или грабливки. Тие без некоја поголема претпазливост во овој период се во потрага по каква било храна (иако има и исклучоци, секако), во очекување на студената зима, која ќе настапи наскоро.
Риболовот при крајот на август и почетокот на септември е во предност што се однесува до промените поврзани со годишните времиња. Последните топли денови минати со рибарски стап на отворено ќе донесат не само добар улов туку и многу позитивни емоции кај риболовците.
Многу нови рибари со право се прашуваат на што гризе рибата најмногу во овој летен период, оти секоја риба поинаку се однесува во различна доба од годината. Така, некои риби поостро реагираат на падот на температурата, напуштајќи го дното, додека други, пак, излегуваат на нејзината површина.
Од рибите, на пример, во овој период, крапот продолжува да гризе на дното, и тоа претежно растителни мамки, како што се пченката, јачменот, варениот компир и грашокот. Со намалувањето на температурата во овој период можат да се користат и мамки што содржат коска, риба, црв од греда…
Рибата караш, која е најблизок сродник на крапот, како мамка за фаќање најдобро е да се користат гнојните црви. Рибата деверика исто така во овој период е многу активна, а како мамки можат да се употребат сите видови црви, но и ларви.
Рибарот најмногу може да ја улови црвеноперката користејќи каква било мамка од леб до црв. Штуката најмногу ќе „удри“ на живи мамки, како што се на пример мала црвеноперка и мал смуѓ. Додека, пак, најдобра мамка за рибата смуѓ е црвот, потоа сноп од ларви, а може и некоја мала жива мамка.