Бидејќи риболовот на штуката обично трае само неколку часа и најчесто е еднодневен риболов, најдобро е да се одберат поквалитетни телескопски стапови, од кои рибарот нема да мора да ги вади системите и секојпат повторно да ги монтира
Должината и јачината на рибарскиот стап ги одредуваат условите на водата во која лови рибарот. Долгите стапови се користат кога му е потребно подалечно фрлање на мамката, а кратките стапови, пак, може одлично да послужат на потешкопристапните и обраснати позиции, каде што, на пример, гранките од дрвјата или стрмниот брег го оневозможува користењето на долгите рибарски стапови. Таквите позиции обично кријат големи штуки, кои се наоѓаат до самиот брег, па затоа не е потребно далеку да се фрла јадицата.
Рибарот ја одбира јачината на стапoт според тежината на системот и големината на живите мамки што сака да ги користи при риболовот. Тој може да користи квалитетни дводелни или практични телескопски рибарски стапови. Дводелните стапови се најквалитетни, но недостиг им е големата должина, која може да пречи при транспортот до водната површина.
Бидејќи риболовот на штуката обично трае само неколку часа и најчесто тоа е еднодневен риболов, најдобро е да се одберат поквалитетни телескопски стапови, од кои рибарот нема да мора да ги отстранува системите и секојпат повторно да ги монтира. Ролните на стапот не мора да бидат големи, а најчесто штуките се ловат на помали далечини или до самото крајбрежје.
Пожелно е ролната на стапот да има слободно движење или брза сопирачка. За основен навој најдобро е да се користи конец со дебелина помеѓу 0,30 и 0,40 мм. Задолжително е да се користат и ремени од тенки сајли, во должина од најмалку 20 см.