Ловниот туризам не е само составен дел на ловната економија туку истовремено и сегмент на туризмот како економска гранка со специфични карактеристики на побарување и нудење
Ловството по своето економско и општествено значење треба да заземе значајно место во економијата на една држава. Затоа е потребно да се пристапи кон создавање современо ловство, поточно онакво што во целост ќе се заснова на современи општествени и научни проверени сознанија од модерното шумарство, агрономија, ветерина, биологија, економија, екологија и, секако, организација.
Ловството е всушност поширок поим од ловот. Од друга страна, пак, тие процеси имплицираат зголемување на дневното, неделното и годишното слободно време на вработениот човек и го мотивираат своето слободно време да го искористи во природата, било дома или во странство, за лична рекреација, едукација и слично. Сето тоа им го овозможува туризмот, односно ловниот туризам, кој, пак, се реализира во непосреден контакт со природата и директното користење на природните добра.
Ловниот туризам не е само составен дел на ловната економија туку истовремено е и сегмент на туризмот како економска гранка со специфични карактеристики на побарување и нудење. Во него учествуваат туристи со голема платежна моќ, кои практично ги вбројуваат во елитата отколку во некаква масовност.
Ловниот туризам, создавајќи му приходи на ловосопственикот, може да создаде и дополнителни приходи за локалното население од руралното подрачје, да претставува добар начин за заштита на природата, но и контрола за одржување на животинските видови, секако притоа почитувајќи ги законските регулативи и одредби.
Развојот на квалитетниот ловен туризам зависи и од низа други фактори. Само врз темелите на конкретните развојни проекти може да се бараат средства за поставување планови за развој на одделни ловишта, а со тоа и за руралното подрачје, во кое е и основано ловиштето (сопствено или заедничко), односно во некое помало место, град или општина.