По повод стогодишнината од раѓањето на писателот Славко Јаневски, вечерва, во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, ќе се одржи поетско читање, насловено „Произведувачи на зборот“.
Со почеток во 19.30 часот, стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, а свои песни петнаесетина поети од различни генерации, меѓу кои се: Зоран Анчевски, Николина Андова Шопова, Иван Шопов, Јовица Ивановски, Сашо Гигов-Гиш, Ана Голејшка Џикова, Ненад Јолдески, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Славица Диневска, Андреј Ал-Асади, Д.А. Лори, Милован Стефановски и др.
Предвиден е и музички настап на Полина Тасева (вокал) и Иван Петровски (гитара). Делегација на фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која е организатор на читањето, во 19 часот ќе положи цвеќе на споменикот на Славко Јаневски во паркот „Жена-борец“.