Цeлата индустрија на уметноста како целина мора меѓусебно да се поддржува за да ги преживее предизвиците на пандемијата. Генерален консензус меѓу агентите и уметничките советници е дека никој од нив не сака да продава уметнички дела во овој момент

Не постои индустрија што остана недопрена од ширењето на коронавирусот, Светот на уметноста, како и сите други сектори, се приспособува со забрзан развој на промените. Иако не постојат патокази што ќе кажат што да се прави понатаму, тимот на Хантингон Т. Блок забележа неколку модели на однесување кога станува збор за галериите, агентите, колекционерите, уметниците, изложбите.
Долготрајното затворање на целиот свет ги присили галериите и агентите да почнат да развиваат нови стратегии за да останат релевантни, да ги промовираат уметниците и да ги водат своите бизниси. 
 
Онлајн сали за разгледување
 
Многу агенти ја прифатија дигиталната технологија, за во текот на пандемијата да останат поврзани со своите клучни клиенти и уметници. Иако повеќето уметнички галерии веќе воспоставија виртуелни платформи, онлајн собите за разгледување сѐ повеќе се потпираат на овој ефикасен начин на прикажување на уметноста и ангажирање на колекционерите, без оглед дали станува збор за големите саеми како „Арт Базел Хонгконг“, или за мали и средни галерии. Всушност, прегледувањето на веб-старинците стана „новото нормални“ како замена за посетување на саемите на уметност, кои беа откажани. Очигледно е дека дигиталните платформи не им овозможуваат на потенцијалните купувачи физички да ја доживеат уметноста, но на многу колекционери им е сосема во ред таквиот начин на купување на делата на омилените уметници во респектабилните галерии.

 

Финансиска поддршка

Многу помали бизниси во индустријата на уметноста имаат потенцијал да се квалификуваат за финансиска помош од федералната влада. Условите за добивање помош брзо се менуваат и тоа станува голем проблем. Агентите би требало да бидат охрабрени да побараат упатства од финансиските стручњаци за да се справат со какви било недоразбирања и несигурности за пристапот, користа или квалификациите за спонзорирање од владата, како и од грантови.

Односот на вработените

Музеите и галериите во целиот свет поради финансиските проблеми се соочија со многу тешки одлуки, како отпуштање и испраќање на работниците на чекање. На пример, Музејот на убави уметности на Бостон неодамна на чекање испрати 300 вработени, повеќе од 40 отсто од вкупната работна сила. Ако е можно, галериите би требало да ги разгледаат замрзнувањето на вработувањата и намалувањето на платите и да настојуваат да ги задржат работниците. Персоналот треба да помогне да се преживее кризата на најдобар можен начин, а кога ќе дојде време, сите да се вратат на работа.

Продажба

Додека економијата се влошува, колекционерите можеби мислат дека е паметно да продаваат дела од своите колекции. Но финансиските експерти обично предупредуваат на внимателност при продажба за време на финансиска криза. Генерален консензус меѓу агентите и уметничките советници е дека никој од нив не сака да продава уметнички дела во овој момент. Повеќето колекционери се држат до поконзервативен пристап во продажбата, кој бара време и вештини за да се оптимизира вредноста, како за купувачот, така и за продавачот. Исто така, сегментот на врвни колекционери на пазарот на некоја начин е изолиран од првобитниот ефект на економскиот пад.

Аукцискиот пазар

Неколку неодамна затворени аукции резултираа со полош износ на продажба од очекуваниот. Продажбата не беше полоша поради поединечниот пад на цените. Напротив, падот на продажбата е поврзан со недостигот од понуда на висококвалитетни дела достапни за продажба. Прерано е да се говори за тоа какви ќе бидат условите на пазарот на уметноста за еден месец, наредниот квартал или дури наредната година. Сепак, може да се претпостави дека моменталната продажба нема да има значајно влијание на цените во иднина.
Во моментов предизвик не се финансиите туку логистиката. Најважен аспект на процесот на продажба, физичкиот увид и преместување на делата – не е можен поради мерките од пандемијата. Засега колекционерите прават своја листа на желби, со надеж дека ќе инвестираат во некое уметничко дело на етаблиран уметник. Управувањето со процените на аукциите ќе биде клучно за наоѓање потенцијални купувачи. Многу луѓе и натаму имаат многу пари. Ако добро дело е достапно за продажба, аукциските куќи ќе работат на тоа да ги привлечат колекционерите што сакаат добра вредност и можност за интерес како и продажба.

Поглед напред

Конечно, во овие чувствителни времиња мора да се сетиме дека ова не е прв пад на економијата што го преживеал светот на уметноста. Цeлата индустрија на уметноста, агенти, галерии, аукциски куќи, купувачи и колекционери, сите мора меѓусебно да се поддржуваат за да ги преживеат предизвиците од пандемијата.