Скулптурата „Глава“ на младиот крал Тутанкамон e продадена на аукција во Лондон за околу 5 милиони долари. Скулптурата стара повеќе од 3.000 години е изложена во лондонската аукциска куќа „Кристи“, а нејзината продажба предизвика силни реакции од египетската влада.
Мустафа Вазири, главен во египетското Врховно собрание за антиквитети, изјави дека е разочаран од продажбата што е во тек и покрај протестите на египетската амбасада во Лондон.
– Верувам дека скулптурата е незаконски однесена од Египет. Не претставија никакви документи што би го докажале спротивното. Нема да застанеме, ќе продолжиме да ги следиме, дури и купувачите. И натаму постојано ќе бараме да се врати – изјави Вазири.
Одговорни во аукциската куќа „Кристи“ изјавија дека ги презеле потребните чекори за да го докажат нејзиното потекло и дека продажбата е легитимна. Наведуваат дека главата е набавена од трговецот од Минхен, Хајнц Херцер, во 1985 година. Претходно, австрискиот трговец Џозеф Месин ја купил помеѓу 1973-1974 година.
Од „Кристи“ тврдат дека биле во контакт со египетските власти во Каиро и со лондонската дипломатија таму. Египет долго бараше враќање на артефактот, кој го пренеле археолозите и царските авантуристи, вклучувајќи го и Каменот од Розета, кој се чува во Британскиот музеј.