Навечер, баба ми
долго се чешла.
За следното утро.
Баба ми,
верував тогаш, е
побелен ангел.
Сонив ангел.
– Ќе те излечам со смеа –
рече. И кивна.
Дремлива птица.
Во сон градот далеку е,
но автобусите?
– Сонцето е ѕвезда –
му пее на утрото
игрива мома.
Под дабова сенка
се засолнил од сонце
уличен пес.