Ретроспективна изложба на Анета Светиева
Ретроспективната изложба на Анета Светиева ќе биде поставена во Даутпашиниот амам до крајот на август, а официјалното отворање е вечерва, во 20 часот. Оваа изложба е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници што ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена во 2023 година, со што се заокружуваат долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на една од најзначајните македонски скулптори.
Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена туку и на една пиширока платформа што ги преминува границите на регионот.
– Во почетокот на с1970-тите, поинаквите видувања не само на формата, на појавниот облик, туку и на некои суштински прашања во однос кон делото беа причина критиката да ги дефинира скулптурите на Анета Светиева (век?е во нејзините првични настапи) како дела со јасно концептуално и изведувачко проседе, надвор од тогашните вообичаени јазички модели. Тие блескави мигови надвор од општите стилски движења и век?е контурирани шеми создадоа еден индивидуален пробив во скулпторската материја. Нејзиниот самостоен пластичен исказ, кој се наметна со силината на автентичноста надвор од главните актуелни текови, го иницира внатрешното битие на делото, неговата вибрација што реагира на живиот дух на времето како знак на современоста. Внатрешните диктати се генерирани од изворите на нејзиниот интерес за етносот, фолклорот и печената земја како исконски артефакти, како прилози на дејствување на еманципираниот човечки дух. Нејзиното творештво е во темелен дијалог со етнолошката ризница и обичаите на Балканот и пошироко, врз кои ги гради сопствените митолошки пејзажи и ги воскреснува колективните митови до степен на универзалното. Во нејзините форми, материјализираната идеја се наметнува со убедливо сведоштво за густо, слоевито преплетување на уметноста на сегашниот миг и оние слоеви што можат да се разбудат во секој творец. Тој спој е кај Анета реализиран и нагласен и во него е содржан и одговорот на круцијалното прашање за потеклото и слоевитото значење на нејзиното дело. Во каталогот за изложбата во Белград (1984) Анета кажува:
Моите размислувања, некој флуид… и порано, веќе во првите чекори, беа насочени кон овој свет на митот како автохтоност, автентичност, како мој идентитет искажан со синтагми, со секвенци од разновидните области и начини на сфак?ањето на животот на мојот народ, на мојата почва и поднебје. Сѐ е поврзано на некој начин – се наведува во најавата.
Проектот е куриран од Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, во соработка со Ана Франговска, куратор советничка, Маја Неделкоска Брзанова, куратор советничка, и Маја Чанкуловска Михајловска, виша кураторка.
Анета Светиева е родена во Битола во 1944 година. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) завршила во Белград. Во периодот 1965-1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добива три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се врак?а во Македонија. Од 1977 година работи во Институтот за фолклор, во 1988 година докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 година се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што во 1995 година станува редовна професорка. Нејзините учества на значајните мег?ународни ликовни манифестации секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовни уметности во Венеција во 1997 година, каде што е забележана како авторка со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја.