Македонските поети Елена Пренџова, Игор Крајчев, Филип Димкоски и Ѓорги Калајџиев, заедно со уште четириесетина поети од Јапонија, Аргентина, Виетнам, Колумбија, Канада, САД, Русија, Палестина, Јордан, Мароко, Германија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Албанија, учествуваа на вториот Интернационален поетски маратон, организиран од поетесите Лучила Трапаѕо од Швајцарија и Алиена Стендардо од Италија.
Настанот се реализира преку апликацијата Зум, а освен поезија на различни светски јазици, тој вклучи и музички изведби на исполнувачи од светот.
Македонските поети што учествуваа на овој маратон со уште неколку други македонски поети учествуваат и на „Поетско-музичкиот прозорец кон светот“ во Хрватска, кој веќе десет саботи по ред го организира Хрватското книжевно друштво од Риека.