Култниот роман „Уна“ од 1981 година на Момо Капор, вo Белград, доби сосема ново, модерно театарско руво, благодарејќи на исклучително добро уиграната екипа, Дејан Пројковски како режисер на претставата, Никола Ристановски во главната машка улога, како проф. Мишел Бабиќ, Валентин Светозарев како сценограф и Горан Трајковски како автор на музичките теми.
Вечната тема за борбата на поединецот со системот, вечната тема за недозволената љубов, дозволеното во политиката и ограничувањата на слободите, благодарејќи на драмскиот текст на Стеван Копривица, го продолжува умешно животот на „Уна“ и во третата деценија од 21 век, повторно актуализирајќи ги вечните теми и во современиов општествен и политички контекст во кој живееме.
Покрај брилијантниот Никола Ристановски, одлични улоги одиграа и Магдалена Мијатовиќ како студентката Уна, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.