Во издание на „Бата прес“ излезе од печат романот за деца и за млади „Шепотено“ од познатиот полски писател Павел Беренсевиќ. Книгата на македонски ја преведе Звонко Димоски. Објавувањето на ова дело е поддржано од Европската Унија и од Министерството за култура, во рамките на проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и за млади од петнаесет познати европски автори.
Станува збор за напнат и неизвесен роман за проблемите на тинејџери што се нашле во мрежа полна со лажни вести, тролови и… нешто шепотено.
Писателот Павел Беренсевиќ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи. Дипломирал англиски јазик на Варшавскиот универзитет. Меѓу другите ги објавил делата: „Што има кај Ќимковци?“, „Ќимковски приказни, од кои една тажна“, „Како ја засакав Кате Цветчето“, „Дали војната е за девојки“, „Тајната на човекот со лузна“, „Е, нека го тоа чоколадото!“, како и најновите „Повеќе од клуб“ и „Ред на полските расипикуќи“. Тој има добиено голем број високи полски и меѓународни книжевни награди.