Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ во копродукција со МФФ „Киненова“ беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“. Кинoпроекциите се одржаа во центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од унгарската амбасада и Општина Охрид.
Силно авангардниот и ангажиран филм „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.
– Настанот привлече многубројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“, кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутните со темата за дискриминација на одредени малцинства во европските општества – вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ „Киненова“.