Пет ноќи празен
домот остарел цела
една година.
– Ме касна оса.
– Кога? – Вчера. – Те боли?
– Кога ќе ми текне.
Сред голем град,
бавча. Жубори фонтана.
Ана пие чај.
По сокаци пци
и деца. Во дворот – коза!
Ромско маало.
Гракаат чавки.
Татко ми бере грозје:
– Ќе има и за нив.
Надвисната гранка,
тивки минувачи.
„тутуу!“ – доаѓа авто!
Миено дете
матни облаци гледа:
„Какано небо“.
Дете во чудо:
од прегратка силна – бум!
Балонот пукна.
Кашлам, одекнува
од онаа страна на паркот
– незгодна есен.
Сам на балконот,
пензионерот игра шах.
Со ангелите.