Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски доби финансиска поддршка од Унгарскиот филмски институт. Со ова продукцијата на филмот на Цветановски ќе се одвива во четири различни земји: Македонија, Хрватска, Бугарија и Унгарија.
Според авторот, анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е осмислен како филмска авантура во која Јон Вардар ќе се сретнува со реалноста во која ќе бидат вклучени непријателски вонземјани, чудовишта, злобни хакери, но и космички забави. Режисерот Гоце Цветановски се надева дека премиерата на своето анимирано филмско дело ќе биде во наредната 2021 година.
Од Агенцијата за филм велат дека поддршката на Унгарскиот филмски институт за „Јон Вардар против Галаксијата“ претставува позитивна вест во време на глобалната криза предизвикана од ковид-19, која ја погоди и целокупната филмска индустрија.