Без разлика на тоа колкава слобода на движење имате во моментот онаму каде што сте, јавните скулптури и споменици секогаш ќе бидат достапни за воодушевување. А во меѓувреме современите уметници, вклучувајќи ја и славната уметничка двојка Гилберт и Џорџ, даваат сѐ од себе да продолжат да работат и да создаваат.
1. „Шише co белешки“ од Клас Олденбург и Коосје ван Бриген
Одличната „Мима“ на Мидлсброу (Англија) останува затворена како и сите галерии, но ако сте излезени на прошетка, веднаш ќе ја забележите привлечната скулптура лоцирана во центарот на градот, создадена во знак на почит кон локалното момче капетан Кук од еден од најголемите модерни уметници во Америка.
2. Камениот круг на Авебери
Неолитските уметнички дела што го опкружуваат селото Авебери (Вилтшир) се видливи од многу гледни точки и откако еднаш ќе ја доживеете глетката, никогаш нема да ги заборавите.
3. Меморијал на херојско саможртвување
Овој споменик на обичните луѓе што ги дадоа своите животи за другите е воодушевувачки и незаборавен. Наместо уште една статуа, викторијанскиот скулптор и сликар Г.Ф. Вотс смислил ѕид од керамички плакети на кои е забележана несебичната храброст на слугите што налетале на запалени куќи и чираци што нуркале во реки. Споменикот се наоѓа во паркот „Постман“ во Лондон.
4. Домот на До-хо Су, Лондон
Оваа реплика на детскиот дом на уметникот од Кореја лебди незгодно над градската улица Вормвуд, избалансирана среде пешачки мост, соочувајќи се со анонимни канцелариски блокови со интимно кревко живеалиште.
5. Часовникот на „Корпус“
Постои одредена необичност во врска со овој сложен ајнштајнски часовник, поставен од надворешната страна на колеџот „Корпус Кристи“ и неговиот злобен скакулец што ги означува лудите скокови на реалноста. Часовникот можете да го забележите на улицата Трамптингтон 58, Кембриџ.
6. „Нашата нова нормална прошетка“ од Гилберт и од Џорџ
Познатиот уметнички пар, Гилберт и Џорџ, секогаш ја хранеше својата имагинација шетајќи низ Лондон. Но поради карантинот и пандемијата, која нѐ принуди сите да останеме дома, тие создадоа дневник на Инстаграм за нивните нови рутини на вежбање и релаксација – засенчени со нивниот вообичаен хумор.
7. Мумиски портрет на непозната жена (антички египетски, околу 160-170 г.)
Жената на портретот речиси изгледа жива и непосредна како фотографија – но оваа слика доаѓа од обвивката на нејзината завиткана мумија, совршено зачувана во сувиот песок во Египет. Овој неверојатен портрет има поглед што зрачи со жестока интелигенција од нејзините крупни темни очи. Електрично е карактеристична, горда на богатството отелотворено во нејзините прекрасни обетки, со страст за живот, но доколку сликата е веродостојна, тогаш таа починала млада. Египетската уметност и ритуалите на смртта на кои таа им служела биле веќе неколку милениуми стари кога овој портрет бил насликан. Египет бил дел од Римската Империја и во овој портрет неговите антички обичаи се спојуваат со римскиот интерес за прикажување поединци. Резултатот е повеќе прогонувачки од кој било мумиски хорор-филм. Сликата се наоѓа во Британскиот музеј во Лондон.