Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, денеска, во 12 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2019 година. За книгата ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ.