Промоција на книгата насловена „Дур дишам се надевам“ од авторот Владимир Мартиновски ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“. Латинската поговорка „Без латински јазик нема знаење“, која се чини е одамна заборавена, е појдовната идеја на самата книга. „Дур дишам се надевам“ е скромен обид да научиме или некој да се потсети барем на мал дел од големите мудрости, стокмени во кратките латински пословици и поговорки, кои се наедно и наслови на овие уникатни, забавни и поучни песни.
Авторот Владимир Мартиновски е македонски есеист, поет и прозаист. Работи како редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.