МОБ најавува двојна изведба на балетот „Оревокршачка“, првата изведба е вечерва, а втората на 2 февруари, со почеток во 20 часот. Музиката е на Петар Илич Чајковски.
– Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка што мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од „Оревокршачка“ пред и по Нова година, секоја година – велат од МОБ.
Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1.) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригентка е Бисера Чадловска.