Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Лежечки акт (на лева страна)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиони долари на аукција во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк. Со ова, таа се најде на четвртото место на листата најскапо платени уметнички платна на јавно наддавање. И процените претходно се движеа околу 150 милиони долари.
Сликата, на која е претставена провокативно разголена жена, некогаш била забранета во Париз, како непримерна. Во почетокот на 20 век Модиљани го шокираше светот со своите актови од жени во сите можни пози.
„Лежечки акт (на лева страна)“ е најголемата слика на платно на Италијанецот, кој починал во 1920 година на 35-годишна возраст. Досегашен сопственик беше ирскиот милијардер Џон Мегниер. Името на купувачот не е откриено.
На аукцијата беа понудени и 11 платна на Пикасо, како и дела на Клод Моне, Хуан Миро и на Едвард Мунк.