Утревечер, во 20 часот, во Културно-информативниот центар, ќе се отвори изложба на слики од ликовниот уметник Славчо Максимовски.
Максимовски во периодот 2007-2011 студира на Факултетот за хумани науки и уметност во Тетово, по што се стекнува со звањето дипломиран графичар. Своите постдипломските студии ги продолжува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока сликарство, во класата на Јован Шумковски. Учествувал на повеќе групни изложби и зад него стојат и неколку самостојни изложби. Максимовски има изложувано во Македонија и во странство (Србија, Италија, Финска, Мексико). За време на неговиот престој во Франција, го развива својот уметнички израз. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и прва награда од публиката на „Интернационалната изложба на мал формат“ во Нови Сад, а неговите дела се дел од приватни колекции во Македонија, САД, Канада и Еквадор.
Максимовски има изработено неколку сценографии, плакати за театарски претстави, автор е на два краткометражни филмови, едукатор во ликовна работилница и автор на неколку колумни, а во моментов изработува фрескоживопис.