Во Дуждевата палата во Венеција е отворена изложбата „Тинторето, Питоре Венециано (1519-1594)“, која ќе трае до 6 јануари 2019 година. По повод 500 години од раѓањето на венецијанскиот сликар Тинторето, во Дуждевата палата, во која меѓу другото, се наоѓа неговиот голем приказ „Народ“, кое важи за најголемо платно во историјата на сликарството, изложбата донесува преглед на сите негови клучни дела од најголемите европски музејски збирки.
Јакопо Робусти или Тинторето (1518-1594) е венецијански сликар од епохата на маниризмот, односно доцната ренесанса. Се смета за последен голем сликар на овој правец. Во почетокот бил ученик на Тицијан, но набрзо развил сопствен стил. Во своето ателје имал натпис што го опишува „Микелаџелов дизајн и Тицијанов колорит“. Речиси целиот живот го поминал во Венеција. Бил познат по своето енергично и брзо сликање по кое го викале фуриозниот. Најмногу сликал портрети, но и религиски композиции. Ги користел перспективата и светлото на драматичен начин, поради што се смета за предвесник на барокното сликарство.