Второто дело посветено на културната дипломатија од Васко Шутаров насловено „Културната дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите-наследнички“ ќе биде промовирано вечерва, во 19.30 часот, во просториите на „Јавна соба“. Промотори се универзитетските професори од Правниот факултет во Штип, Јован Ананиев, кој е и нејзин рецензент, и Јадранка Денкова.
Васко Шутаров е доктор по политички науки, поранешен пратеник и дипломат, со повеќегодишно искуство во креирањето и практикувањето културни политики и културна дипломатија на државата.