Во кафе-книжарницата „Гаврош“, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се одржи првото издание на визуелно-книжевниот експеримент „Пиктографи 01“.
Најавено е учество на илустраторот Ване Костуранов и на авторите на приказни: Билјана Црвенковска, Ника Гавровска и Владимир Мартиновски. За половина час авторите на приказни ќе треба да напишат текст врз база на една иста илустрација, а на крајот на вечерта публиката ќе може да ги чуе трите различни авторски видувања.
Во оваа отворена игра имаат можност да учествуваат и преостанатите присутни во кафе-книжарницата, а нови изданија на визуелно-книжевниот експеримент ќе се одржуваат и во неделите што следуваат.