Деновиве, издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски. Преводот е на познатата преведувачка Тања Попова.
Првото издание на романот „Бунар“ кај нас е објавен во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на „Утрински весник“ и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство. Минатата година, исто така во Софија, беше објавен романот „Круг“ на Башевски. Во поговорот на белградското издание на романот „Бунар“, критичарката Јасмина Врбавац напиша: „Бунар претставува своевидно откровение кое укажува на тоа дека можноста за спој на традиционалниот и на посмодерниот ракопис сѐ уште не се исцрпени во рамките на современиот роман“.
Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски и на албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучувајќи и ја и наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“.