СВЕТОТ Е СЦЕНА
Еден музеј во Велика Британија објави изменети верзии на некои од омилените ремек-дела од својата колекција, така што им стави маски на ликовите, среде пандемијата на коронавирусот. Музејот „Фицвилиам“ во Кембриџ, источна Англија, беше принуден да ги затвори своите врати за јавноста во март, по воведувањето на превентивните мерки и карантинот. Тоа го поттикна музејот да смисли иновативен начин да продолжи за заработува, преку изложување уметнички дела со субјекти што носат маски за лице, приспособени да одговараат на стилот на секоја слика.
На сликата со наслов „Деверица“ на Џон Еверет Милаис, девојката носи цветна маска за да одговара на нејзината декоративна наметка, додека, пак, на сликата „Близначките Кејт и Грејс Хоаре“ од 1876 година, сестрите носат навлаки за лице, додека се подготвуваат за излегување со нивното елегантно куче. Во меѓувреме, во портретот на холандскиот уметник Јан ван Мејер „Ќерките на Сер Метју Декер“, четирите девојчиња носат маски за лице што одговараат на нивните везени фустани, па дури и избрале да го покријат лицето на нивната кукла.
Преработените уметнички дела, кои се дел од музејот „Ремек-делата Фицвилиам на 2020 едиција“ се продаваат како честитки за да се обезбеди некаква финансиска поддршка за музејот додека е затворен.
Лук Сисон, директор на музејот, вели дека се надева дека сликите ќе обезбедат благо олеснување.
– Овие преработени верзии на некои од одличните ремек-дела на „Фицвилиам“ претставуваат интелигентна замисла за тоа како би изгледале моделите доколку би живееле во овој момент. Додавањето маска за лице прави голема разлика во нашето разбирање за нивните постапки и интеракции. Но можеби и тие имаат сериозна поента, за тоа како очекуваме да се поздравиме еден со друг со прегратки и бакнежи, и колку многу сѐ се промени сега кога тоа не е можно. Барем сè уште можеме да се смееме заедно. Тоа не е променето. И се надевам дека ова може да помогне – вели Сисон.
Бидејќи пандемијата ги принуди земјите низ светот привремено да ги затворат јавните простории, музеите и галериите мораа да смислат иновативни начини да ангажираат патрони. Некои галерии ги поставија своите изложби на интернет, додека, пак, голем број уметници беа принудени да создаваат во рамките на параметрите на карантинот.