Падемијата видно ги ограничи изворите на забава, но и она што телевизијата и интернетот ни го нудат, од филмови до серии, може бргу да стане здодевно. Затоа многумина ѝ се враќаат на книгата. Сепак, дури и читањето книга може да претставува предизвик доколку имате многу домашни обврски или деца за кои деноноќно се грижите. Во тој случај, аудиокнигите претставуваат одлична опција. Ова може да биде добра шанса да се потсетиме на класиците од минатите векови.
Страницата за аудиокниги „Скрибд“, најави дека книгите што ги нуди ќе бидат достапни бесплатно во рок од 30 дена, вклучувајќи ја и „Чумата“ на Алберт Ками.
Ова е приказна за мал француско-алжирски град отсечен од надворешниот свет по избувнувањето на бубонската чума, за која нејзините граѓани на почетокот одбиваат да веруваат дека е сериозна закана. Централниот лик, доктор, забележува дека неговите сограѓани во овој поглед „биле како сите други, свртени кон себе; со други зборови, тие беа хуманисти: тие не веруваа во пандемии. Пандемијата не е нешто што е направено за човекот да може да го измери; затоа ние самите си кажуваме дека пандемијата е само дело на умот, лош сон што ќе помине“.
Долго прославувана како маестрална алегорија за нацистичката окупација, „Чумата“ е исто така приказна за квалификувана надеж и за тоа како еден вид егзистенцијална солидарност опстојува додека надвор беснее бура. Сепак, некои слушатели можеби ќе бидат малку иритирани од американскиот акцентиран наратив во ова единствено аудиоиздание, кое има одредена мака со француските имиња, и наместо тоа ќе се одлучат за грозоморната „Дневник од годината на чумата“ (1722) од Даниел Дефо, раскажана со смирувачките тонови на Ендру Калум.
Почисто ескапистичко искуство може да биде големиот еп на удобно општество во Франција. Доколку постои читател со голема издржливост меѓу читателите на аудиокниги, тоа мора да е веќе починатиот актер Невил Џејсон, кој го сними секој збор (има повеќе од милион) од одличниот роман на Пруст, „Во потрага по изгубеното време“. Раскажувањето трае 150 часа.
Во еден момент во третиот том, нараторот на Пруст го забележува следното: „Болеста е она што нè тера да препознаеме дека не живееме во изолација, туку дека сме оковани на битие од различно царство, свет различен од нас и од кој е невозможно да бидеме разбрани: нашето тело“.
Варијантите на ова битие од различно царство се предмет и на најновата книга на Бил Брајсон, раскажана со вообичаениот шарм од самиот автор. „Телото“ е идеално за аудиоформат, како топла и привлечна турнеја низ неверојатните факти за човечката физиологија, со многу „дали знаевте?“ моменти. Дали, на пример, знаевте дека научниците утврдиле дека чешањето на грбот ви дава најдолго олеснување, но чешањето на глуждот ви носи најмногу задоволство? Колку повеќе учите за вашето тело, толку почудно се чини, ако имате среќа да имате тело што сѐ уште е, повеќе или помалку, во функционална состојба, дури и ако не беснее пандемија.
Во еден момент Брајсон, кој привлекува широка публика, ве поттикнува да „станете и да се раздвижите малку“. Ова е мошне тешко доколку некој чита, и сака да продолжи да ја чита печатената верзија, но е добар совет за слушателот во карантин.
Уште почисто ескапистичко удобно чувство дава слушањето на класичната драматизација на Би-би-си на сите класични книги на Џорџ Ле Каре – книгите за „Џорџ Смајли“. Деновиве студената војна претставува едно поедноставно, дури и пожелно време во популарната имагинација, а самиот Смајли, буден скитник низ нијансите на сивиот свет, на некој начин претставува еден вид премиер, кој не смееме да го имаме повеќе. Во оваа аудиокнига со целосен кастинг од драматизацијата, Смајли е читан од големиот Сајмон Расел Бел.
Исто така, еден вид медитациска вежба можете да најдете и во најновите експертски размислувања за алтернативните апокалипси во книгата „Компатибилен човек: Вештачката интелигенција и проблемот со контролата“ на Стјуарт Расел, прочитана од Рафаел Коркхил. Расел, пионер во машинската интелигенција, овде ја разгледува сè помодерната тема „што да прави ако се создаде вештачка суперинтелигенција што ќе завладее со светот, поточно, како да се запре тоа.“
Кога станува збор за аудиокниги, ангажирањето славен читател најчесто е најмоќната алатка. Дистописката „Приказна на робинката“ на Маргарет Атвуд, достапна во изданија што ги читаат Клер Данес и Елизабет Мос, додека, пак, „Љубовна болка“ од Нора Епрон не ја чита никој друг туку Мерил Стрип. И ако никогаш не сте ја започнале Хомеровата „Одисеја“, можеби аудиокнигата во превод на Роберт Фаглс, прочитана од Иан Мекелен, конечно ќе ја направи оваа можност неодолива. И.Б.