ОД ТВОРЕШТВОТО НА ЉУБОМИР ГРБЕВСКИ -ЏЕРИ
Снешковци бели, снешковци весели каде ли в лето морковот го кријат каде ли навечер заби мијат
и дали кога студи многу, топол чај пијат?
Кога снежи тие лудуваат, само се прашувам каде ли летуваат?!
На главата со некаков лонец стар како круна на некој зимски цар
околу вратот со шалчиња шарени
најчесто од срце подарени
на снегулките им велат добар ден
и весело ги гледаат, со очињата од јаглен.
Замислете, снешковци имало и во Франција,
да, да, со гаранција!
На француските снегулки им велат бон жур
и се перчат со копчињата од ќумур
оние на нивниот бел капут кога студот е многу лут!
Тие со дечињата зиме се здружуваат што ќе рече, нема утка и силно се вљубуваат, во некоја убава снежна грутка!
Кога снежи, тие лудуваат
само се прашувам каде ли летуваат?!