Во изминатите десетина дена учениците од четврто одделение од ОУ „К.Ј.Питу“ во Кичево, во соработка со волонтерите на Црвениот крст од овој град, ја спроведоа акцијата „Од срце дарувам, играчка подарувам“. Тие во рамките на своите материјални можности, донираа играчки што им беа подарени на дечињата од детската градинка „Олга Мицеска“ од Кичево.
– И на овој начин нашите ученици потврдија дека не треба многу малите гестови да се преточат во големи дела, за обравчињата на дечињата да бидат насмеани,срцињата полни а животот порадосен. На радоста на дечињата од градинката им немаше крај, откако ги добија подароците донирани од нашите хумани ученици – истакна Анета Божиноска директорка на ОУ „К.Ј.Питу“ од Кичево.